Масакрирани 80.000 кучиња заради EURO '12
- Детали
- среда, 01 февруари 2012
Бројни организации за заштита на животните ширум светот повикуваат на бојкот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина заради...
...одлуките на украинските власти во пресрет на првенството да ги „исчистат“ улиците од кучињата скитници.
„Подготовките“ започнале пред повеќе од една година, а до сега во Украина се убиени околу 80.000 кучиња скитници.
Александар Хирч, ветеринар од Австрија е активен член на меѓународната кампања Stop Killing Dogs. Тој вели дека се започнало наводно со писмо од УЕФА кое пристигнало во Украина:
- Ми рекоа дека од седиштето на УЕФА е пратено писмо во кое се наведува дека кучињата се проблем. Не пишувало дека решението лежи во нивно убивање, но нагласено било дека кучињата скитници не смеат да бидат на улиците за време на првенството. Локалните власти имале на располагање низа решенија: можеле да ги сместат во прифатилишта, да ги вдомат итн. Тие се одлучиле да ги убијат – изјавува Хирч
Огромен број на луѓе протестираа против убиството на кучињата во Украина. „Ловците“ велат дека ги убиваат затоа што имало раширено беснило.
Бруталноста на украинските власти го привлече и вниманието на хакерската група Anonymous која пратила јавна порака до УЕФА и спонзорите на Европското првенство во фудбал. Тие порачуваат дека за нехуманото убивање на кучињата виновни се Мишел Платини – претседателот на УЕФА, претседателот на Украина – Виктор Јанукович и компаниите кои го спонзорираат настанот.