„Дознав дека сум бремена во 8-миот месец – отидов во болница бидејќи мислев дека умирам“

Млада мајка од Англија вели дека дознала дека е бремена дури во осмиот месец бидејќи не чувствувала никакви симптоми. Иако ретки, според експертите, ваквите случаи се сепак возможни, колку и да ни звучат чудно.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-01.jpg

Колку и да звучи бизарно, навистина има случаи каде што жената не е свесна дека е бремена дури до моментот кога наближува породувањето.

Повеќето жени сфаќаат дека се бремени по четвртата недела, односно откако ќе им задоцни менструацијата и ќе почнат да ги чувствуваат поизразените симптоми.

Но, ако жената има нередовни менструации, а бременоста не предизвикува некои изразени симптоми, можно е воопшто да не знае дека е бремена.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-03.jpg

Притоа, во зависност од градбата на телото, жената може да не забележи дека ѝ се појавува трудничко стомаче, односно да мисли дека стомакот е резултат на вишок килограми, подуеност и слично.

Секако, ова е мошне ретка појава и според Cleveland Clinic, околу една во 2.500 бремености е незабележана од мајката.

Тавана Мусвабури од Англија е една од овие ретки жени.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-06.jpg

Во февруари минатата година, таа ја родила нејзината ќерка, а вели дека не знаела дека е бремена сè додека не отишла во болница во 8-иот месец во бременоста.

22-годишната Тавана се разбудила преморена и чувствувала дека нешто не е во ред. Имала интензивни болки и помислила дека е соочува со сериозен проблем, па дури и дека ќе умре.

Па, со мајка ѝ веднаш отишле во болница.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-05.jpg

„Тој период бев како и секоја девојка на моја возраст – излегував, одев на забави, несвесна дека сум бремена. Не се здебелив и не почувствував други симптоми.

Кога медицинската сестра ми кажа дека сум бремена, само си помислив дека тоа не може да биде мое бебе. Тогаш не сакав деца и бев преплашена“.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-04.jpg

„По две недели, почнав да се помирувам со новостите. Ми изгледаше како и телото конечно да ми се адаптира, а ова ми помогна да ја прифатам ситуацијата.

Сепак, ми беше многу стресно бидејќи требаше да се справам со многу работи за краток период. Не е евтино да се е грижиш за бебе и не би успеала без помошта од семејството“.

doznav-deka-sum-bremena-vo-8-miot-mesec-otidov-vo-bolnica-bidejkji-mislev-deka-umiram-07.jpg

Тавана истакнува дека ѝ било особено тешко што немала воопшто време да се подготви за промената бидејќи се породила неполн месец откако дознала за бременоста.

„Но, еден ден се разбудив и сфатив дека ќе треба да живеам од ден за ден. Сега ни е одлично. Ќерка ми наследи многу од мене и навистина сакам што сум мајка“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 причини зошто Норвешка е уникатна земја (и вреди да ја посетите) Од автобуска станица со книги за да читате додека чекате до сендвич со ракчиња, ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg