Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот пар кој ќе прави луксузна свадба
Нему уште како дете му била дијагностицирана астма, па заради лековите што ги примал имал неконтролирано чувство на глад.
Во 2014-та година одлучил целосно да се посвети на трансформација на изгледот, па со редовни вежби и здрава исхрана, тој во 18 месеци успеал да ослаби околу 108kg.
Според пишувањата во индиските медиуми, никој не можел да го препознае младиот наследник, за време на неговото појавување во 2016-та година во индиски храм за 21-иот роденден, а по слабеењето имало голем број гласини дека ослабел со помош на операции и хируршки зафати.
По трансформацијата Ананат често бил нарекуван најпосакуваниот ерген во Индија.
Свршеницата на Ананат, Радика Мерчант, е успешна бизнис жена и танчарка.
Таа е ќерка на основачите и сопствениците на Encore Healthcare, водечка фармацевтска компанија во Индија.
По завршувањето на образованието, таа работела како директор за продажба и маркетинг во агенција за недвижности, а денес е член на управниот одбор на компанијата на нејзините родители.
Се верува дека таткото на Радика, Вирен Мерчант, поседува богатство од околу 90 милиони долари, и неговото богатство не може да се спореди со она на таткото на младоженецот.
Грубо пресметано, тој е околу 1.300 пати посиромашен од таткото на зетот.
Инаку, се верува дека Радика и Анант Амбани се знаат уште од деца, а се свршија во декември 2022-ра година во хиндуистички храм.
Свршувачката беше проследена со луксузна забава, каде што парот размени прстени и добија благослов од блиските и пријателите.
Б. С. Б. | Црнобело