Старецот од Лондон чијашто куќа стана популарна за инфлуенсерките: „Ми се смачи да ги гледам како ми позираат пред врата“
- Детали
- вторник, 27 февруари 2024
„Имаше една девојка во боди и ја крена ногата целосно горе, па можев да видам сѐ“ – и по 2 години, старецот од Лондон мака мачи со инфлуенсерките, а вели дека по „Барби-манијата“ му се смачило да гледа како девојки „се тријат“ од неговите розови ѕидови.
Питер Ли од Лондон (78) пред две години стана познат во британските медиуми, откако објави дека неговата куќа е мошне популарна кај инфлуенсерките, па тие редовно доаѓаат да се фотографираат пред влезната врата.
Питер има камери пред неговата влезна врата, па досега успеал да ги „улови“ инфлуенсерките во секакви изданија - од оние што позираат полуголи пред розовите ѕидови на неговата куќа, до оние што скокаат во високи потпетици или танцуваат пред влезната врата.
Како што вели, не му пречи тоа што неговиот историски дом во Лондон е славен, но смета дека би било убаво да го прашаат за дозвола пред да застанат и да се фотографираат.
„Практично, ова се случува секој ден и веќе е полошо од кога било. Тие сите се чини дека го прават истото: застануваат пред вратата, а некои се преправаат дека тропаат.
Имаше една девојка во боди и ја крена ногата целосно горе, па можев да видам сѐ. Тоа беше премногу експлицитно.
Мислам дека ако ја користат мојата куќа за да си го промовираат бизнисот, треба да ме прашаат“ – вели Питер во изјава за The Sun.
Освен згодни инфлуенсерки кои, како што вели тој, „се тријат“ од ѕидовите на неговиот дом, чести посетители се и машките модели за долна облека, но и невестите.
Тој откри дека имало и една девојка која пред куќата останала цел ден и го наместила апаратот на улицата, а трчала да го земе, секојпат кога ќе слушнала дека се приближува возило.
„Не ми е проблем, тие само се фотографираат. Ми пречат само скршените плочки на скалите за кои ми побараа 2.000 британски фунти за да ги поправам и мислам дека тоа е лудо“ – вели Питер.
Тој вели дека иако претходно куќата била популарна, по „Барби-манијата“ во светот, неговите розови ѕидови станале уште популарни, а има денови кога луѓето што се фотографираат пред неговата врата не сакаат ниту да го поздрават.
Тој сподели неколку фотки од инфлуенсерките што камерите пред неговиот дом успеале да ги уловат.