Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали за врската на Меланија и Доналд Трамп
- Детали
- недела, 11 февруари 2024
Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како започнала нивната врска. Парот се сретнал 7 години пред тоа, а Меланија во една пригода рече дека нивната прва средба била „чудна“.
Познато е дека поранешната прва дама на САД е мошне повлечена и не сака јавно да открива детали за својот живот, но тоа никогаш не било проблем за нејзиниот сопруг.
Тој јавно зборуваше за тоа како се запознале, но и што е она што најмногу му се допаднало кај неа.
Во продолжение некои помалку познати факти за врската на Доналд и Меланија Трамп:
Пред да го запознае Доналд, Меланија била интроверт и воопшто не сакала да излегува. Ако излегувала, одела само до теретана или во кино. Истовремено, таа била многу популарна заради огромните билборди на кои била, но не сакала ниту да излегува од дома.
Нивната средба била сосема случајна и чудна. Доналд ја запознал Меланија во 1998-ма година додека бил на состанок со друга девојка, но убавата Словенка брзо го освоила.
„Полудев. Всушност требаше да се сретнам со друга девојка. Имаше еден прекрасен супермодел со којшто требаше да се сретнам и таа седеше веднаш до Меланија.
Ми рекоа: ‘Погледнете, таа е таму’, на што јас одговорив: ‘Заборави на неа, која е девојката од левата страна? И тоа беше Меланија’“ – раскажа во една пригода Доналд.
Меланија ја потврди оваа приказна, но нагласи дека таа вечер не му го дала телефонскиот број, па му рекла тој да ѝ го даде неговиот.
„Сакав да видам каков број ќе ми даде – па ако беше бројот од канцеларијата сакав да му речам: ‘Што е ова? Нема да соработувам со тебе...’“ – нагласи таа.
Но, Доналд ѝ го дал неговиот личен телефонски број, што било доволно за да закажат состанок. Со оглед на тоа што водела повлечен живот, Доналд ѝ бил првиот состанок и првиот дечко во Њујорк.
„Веднаш бев изненадена од неговата енергија. Тој беше неверојатно витален“ – рече Меланија за сопругот кој е само една година помлад од нејзините родители.