Дарувал крв 1.100 пати, со што спасил над 2 милиони бебиња: Кој е Џејмс Харисон, познат како „човекот со златна рака“?
- Детали
- сабота, 27 јануари 2024
Џејмс Харисон е познат како „човекот со златна рака“. Тој е крводарител кој има дарувано над 1.000 пати, а бидејќи неговата крв има ретко антитело, Харисон го има спасено животот на над 2 милиони бебиња.
Џејмс Харисон од Австралија, познат и како „човекот со златна рака“, имал само 14 години кога донел важна животна одлука.
Тој бил подложен на сериозна операција на градниот кош и во тој момент му била потребна трансфузија на крв.
Џејмс се борел за живот, а кога закрепнал благодарение на непознати крводарители, си ветил себеси дека еден ден и самиот ќе дарува крв.
По четири години, кога станал полнолетен, тој си го исполнил ветувањето.
Покрај тоа што донира многу често, крвта на Џејмс е посебна бидејќи содржи важно антитело.
Ова антитело е потребно за да се направат инјекции кои ги спречуваат жените со негативна крвна група да развијат потенцијално штетни антитела за време на бременоста со бебе со позитивна крвна група.
Австралиецот Џејмс Харисон денес е еден од најпочитуваните крводарители во светот, кој својата крв ја дарува веќе 60 години. Со ова, тој спасил околу 2 милиони луѓе, а ѝ помогнал и на неговата ќерка.
„Благодарение на ова, мојот втор внук се роди здрав“, има изјавено Харисон за CNN.
Од 1967 до 2018 година, повеќе од 2 милиони дози што ја содржи крвта на Џејмс се дадени на австралиски мајки со негативна крвна група.
81-годишниот Џејмс донирал крв над 1.100 пати, а последен пат ја дарувал својата крв во 2018 година.
Во 1999 година Џејмс доби Орден на Австралија за неговата хуманост.
В. К. | Црнобело