„Имав афера со сопругот на најдобрата пријателка без да знам – Како се случи тоа?“

Жена од Австралија тврди дека со месеци имала онлајн афера со сопругот на нејзината најдобра пријателка без да знае. Што всушност се случило?

imav-afera-so-soprugot-na-najdobrata-prijatelka-bez-da-znam-kako-se-sluchi-toa-01.jpg

Хана Брукс од Австралија е познат модел на страната за возрасни OnlyFans, а на социјалните мрежи раскажува што ѝ се случило во последните неколку месеци, и како без да знае се впуштила во афера со сопругот на една од нејзините најдобри другарки.

Таа вели дека одеднаш на нејзиниот профил на OnlyFans почнала да добива пораки од маж кој се потпишал под псевдоним и успешно го криел сопствениот идентитет со месеци.

„Немам поим кои се мажите што ми пишуваат. Тие може да се потпишат како сакаат, а ние не добиваме нивни мејл адреси и слично“ – вели Хана.

imav-afera-so-soprugot-na-najdobrata-prijatelka-bez-da-znam-kako-se-sluchi-toa-02.jpg

Тој го откупил целиот нејзин материјал објавен на страницата, а набрзо потоа почнал да ѝ пишува пораки и да ѝ бара „полично“ искуство.

Хана појаснува дека нуди „лично искуство“ што е многу скапо и кое вклучува секојдневно допишување и размена на забавни содржини секоја вечер, па нејзините следбеници имаат чувство дека таа им е девојка.

imav-afera-so-soprugot-na-najdobrata-prijatelka-bez-da-znam-kako-se-sluchi-toa-03.jpg

Мажот платил за тримесечно искуство и секојдневно разменувале секси пораки, сè додека еден ден ненадејно тој престанал да ѝ пишува.

„Исчезна, па дури и се загржив и помислив дека нешто му се случило“ – вели Хана и открива дека случајно дознала дека тој престанал да ѝ пишува затоа што неговата сопруга го фатила на дело, а воедно таа е една од нејзините најдобри пријателки.

imav-afera-so-soprugot-na-najdobrata-prijatelka-bez-da-znam-kako-se-sluchi-toa-04.jpg

„Сега се прашувам... Дали без да знам имав афера со сопругот на мојата најдобра другарка?

Се чувствувам скршено. Тешко ми е што ѝ го направив тоа, што тој ми го направи тоа мене“ – вели Хана.

imav-afera-so-soprugot-na-najdobrata-prijatelka-bez-da-znam-kako-se-sluchi-toa-05.jpg

Моделот за крај открива дека другарка ѝ ја уверила дека не ја обвинува за тоа што се случило и дека таа ќе разговара со сопругот.

Погледнете го целото видео објавено на Инстаграм профилот на Хана:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg