Важеше за најубавото девојче во светот: Како изгледа денес Русинката Анастасија (13)?

На неполни 3 години започна да се занимава со моделинг и е најмладиот модел кој некогаш се појавил во француското списание „Vogue“. На Инстаграм ја следат над 1 милион следбеници, а многумина ја нарекуваат наследничка на Ирина Шајк. Како изгледа Анастасија од Русија која беше прогласена за најубаво девојче на светот?

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-01.jpg

Во 2017 година, 6-годишната Анастасија Књажева од Русија беше прогласена за најубаво девојче на светот.

Родена е на 30-ти јуни 2011 година во Москва, Русија.

Со нејзините неверојатно убави, длабоко сини очи, долгата костенлива коса и ангелско лице, веднаш ги освои срцата на јавноста. 

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-03.jpg

По освојувањето на престижната титула, Анастасија стана светски позната, а многумина ја нарекуваат наследничка на Ирина Шајк.

Таа е најмладата манекенка која некогаш се појавила во францускиот Vogue.

Со моделинг започнала да се занимава кога имала 2 години, а нејзината мајка одиграла клучна улога во нејзиниот статус - млада инфлуенсерка.

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-02.jpg

Препознавајќи го нејзиниот талент и потенцијал, нејзината мајка Ана направила одлучувачки чекор со креирањето на Инстаграм профилот на Анастасија.

Познатите брендови биле воодушевени од нејзиниот природен шарм.

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-04.jpg

Сепак, славата воопшто не влијаела врз нејзиниот карактер и таа се однесувала нормално, како и секое друго дете.

И додека луѓето околу неа биле воодушевени од нејзината убавина, таа уживала во своето детство, си играла, учела и цртала.

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-05.jpg

Поради својата природно и спонтаност, фотографите обожавале да соработуваат со неа, а многумина ѝ предвидувале блескава кариера.

Досега склопила договор со многу брендови како што се „Chobi kids“, „Kangaroos“, „Kia Motors“...

na-6-godini-beshe-proglasena-za-najubavo-devojche-vo-svetot-anastasija-i-denes-ostava-bez-zdiv-so-svojata-ubavina-07.jpg

Анастасија денес на Инстаграм има над 1 милион следбеници, ангажирана е како водителка, се појавува и во филмови, но редовно ги извршува училишните обврски, а посетува и часови по англиски и танц.

Многумина ќе се изненадат, но нејзината најголема страст не е модата, туку музиката, а кога ќе порасне сака да биде ветеринар.

Повеќе фотографии од Анастасија погледнете на следната страница



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Била пресреќна што се мажи за милионер, и по 42 години никој не знае каде е - Морничавата приказна н... По само два состаноци ја убедил да почне да живее со него. Таа го придружувала н...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg