Мајка му го киднапирала, па го однела да живее во култ: Детали за детето од Англија по кое се трагаше 6 години
Бабата на Алекс вели дека следниот чекор е да се видат со Алекс.
„Зборував со него попладнево и дефинитивно е тој. Последен пат кога го видов зборував со момче, но сега тој е маж. Се надевам дека ќе се врати следната недела. Неподносливо е кога не знаеш дали некој е жив или мртов“.
За француските медиуми, се огласи и студентот што го нашол Алекс:
„Одеше по дождот. Еднаш го одминав, но вториот пат одлучив да му понудам да го однесам некаде. Беше висок и со руса коса, носеше црни фармерки, бел џемпер и ранец. Имаше и скејтборд. Влезе во моето комби.
Првите неколку минути беше срамежлив. Проба да зборува француски, но ми стана јасно дека не го совладал јазикот. Одлучив да му зборувам на англиски. Кога го прашав како се вика, ми рече дека е Зак и продолживме да зборуваме.
Студентот што му помогнал
Разговаравме повеќе од три часа. Потоа ми го кажа вистинското име – Алекс Бати – па ми ја раскажа неговата приказна. Рече дека мајка му го киднапирала кога имал 12 години.
Оттогаш живеел во Шпанија во луксузна куќа со околу десет луѓе, во период од три години. Пристигнал во Франција во 2021-ва. За време на викендот решил да ја напушти мајка му и да оди во Англија кај семејството. Пешачел повеќе од четири дена“.
Куќата во Шпанија во која се верува дека Алекс живеел три години по киднапирањето
Студентот открива и дека Алекс ја нарекол мајка му „малку луда“ и дека била „како во делириум кога зборуваа за духовност“.
Потоа студентот му го дал телефонот за Алекс да стапи во контакт со баба му, па се упатиле во полиција.
Област во Франција во близина на местото каде што бил пронајден Алекс
Не е познато како точно изгледал животот на детето во заедницата која многумина ја споредуваат со култ.
Но, наводно тие не користеле никаква технологија, се посветувале на духовноста, а детето не добивало никакво образование и било изолирано од целиот свет – нешто што може да има сериозни последици.
Спирова С. | Црнобело