Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од 1992
- Детали
- недела, 10 декември 2023
На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, облечени во бели кошули и фармерки.
Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт, ја објавија новата Божиќна фотографија за 2023.
Фотката е црнобела и многу потсетува на фотографијата што во 1992 година Чарлс и Дијана ја вклучиле во нивниот семеен божиќен албум, а на која се Вилијам и Хари.
На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, облечени во бели кошули и фармерки.
Принцезата Шарлот седи на столче, а околу неа се останатите членови на семејството – Кејт, Вилијам и принцовите Џорџ и Луи.
„Нашата семејна божиќна честитка за 2023“, пишува на фотографијата што ја објавија на Инстаграм.
Кралскиот портрет е дело на Џош Шајнер.
А. Ј. | Црнобело