Европски градови најповолни за живеење со деца: Ниски кирии, мала стапка на криминал

Просечната месечна кирија за трособен апартман во Виена e 1.560 евра, што го прави еден од попристапните градови за живеење, кога ќе се земе предвид тамошната просечна плата. Кои други градови важат за најдобри за живот со деца?

niska-stapka-na-kriminal-pristapni-troshoci-za-kirija-koj-evropski-grad-e-najdobar-za-zhiveenje-01.jpg

Со зголемувањето на трошоците за живот, сè поголем број семејства бараат да се преселат во поевтини места за живеење. Но, преселувањето во друга земја, особено со деца, со себе носи многу предизвици.

Извештај од компанија за животно осигурување, Reassured, ги споредува европските градови, со цел да се утврди најдобрата дестинација за едно семејство.

Студијата анализирала низа фактори, вклучувајќи ги и просечните месечни кирии во споредба со тамошната плата, достапните активности за деца и стапките на криминал.

Кои европски градови се најдоа на врвот на листата, а кои се на последно место?

Виена се покажала како најдобар град за преселување со семејството

Просечната месечна кирија за трособен апартман во Виена е 1.560 евра, што го прави еден од попристапните градови за престој, за околу 2.800 евра поевтин од Женева, кој е пак најскап.

Овој австриски град има одлични удобности потребни за едно семејство, вклучувајќи и 44 паркови и 148 места за детски активности. Виена исто така се покажала како безбедно место за живеење, со ниска стапка на криминал.

Заедно со Виена, австриските градови Салцбург и Инсбрук исто така се најдоа во првите десет, што значи дека Австрија е земја најповолна за живеење со семејство.

niska-stapka-na-kriminal-pristapni-troshoci-za-kirija-koj-evropski-grad-e-najdobar-za-zhiveenje-02.jpg

Главните градови се највозбудливи за децата

За семејствата кои секогаш бараат некоја забавна активност, главните градови можеби се најдобрата опција. Истражувањата покажале дека Рим, Лондон, Париз, Прага и Амстердам имале најмногу активности за деца.

Рим има дури 687 различни опции за избор, како и 148 паркови.

niska-stapka-na-kriminal-pristapni-troshoci-za-kirija-koj-evropski-grad-e-najdobar-za-zhiveenje-04.jpg

Швајцарските градови се најбезбедни за семејства

При изборот на место за преселување, од најголема важност е безбедноста. Утврдено е дека Салцбург во Австрија има најниска стапка на криминал, но во целина, Швајцарија е рангирана како најбезбедна земја, вклучувајќи ги градовите Цуг, Лугано, Луцерн, Берн и Цирих.

Иако швајцарските градови можеби се безбедни, седум од нив завршиле во последните десет на рангирањето, токму поради високите трошоци за живот.

Месечната кирија за трособен апартман чини 4.400 евра во Цирих и 4.330 евра во Цуг, додека пак грижата за децата и во двата града чини околу 2.900 евра на месечно ниво.

niska-stapka-na-kriminal-pristapni-troshoci-za-kirija-koj-evropski-grad-e-najdobar-za-zhiveenje-03.jpg

Манчестер е најнеповолното место за семејство во Обединетото Кралство

Манчестер е рангиран на деветтото место од сите европски градови и е најлош во Обединетото Кралство.

Во извештајот се наведува дека иако трошоците за живот не се многу високи, овој град има една од највисоките стапки на криминал и високо ниво на загаденост.

niska-stapka-na-kriminal-pristapni-troshoci-za-kirija-koj-evropski-grad-e-najdobar-za-zhiveenje-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000... Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели!? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg