Сопружници спијат заедно со ќерките (12 и 6), јавноста ги осуди: „Ова е болно“
- Детали
- вторник, 14 ноември 2023
„Не постои поголема глупост од тоа децата да спијат во иста соба со родителите. Мене ми е нездрав вашиот став, треба да престанете да спиете заедно“, е една од осудите кои ги доби маж од САД, откако откри дека со сопругата и ќерките спијат заедно.
Брендон и Меган Диал од Алабама, САД, никогаш не мислеле дека ќе спијат во ист кревет со своите деца Мекензи (12) и Сара (6).
„Мекензи се роди многу ситна и кога беше бебе, сакавме да спие покрај нас за да внимаваме на неа. И потоа, никогаш не си замина“, вели Брендон (32).
Тој неодамна објави видео на ТикТок и покажа како спие неговото семејство. Брендон ја дели огромната спална со сопругата Меган и 6-годишната Сара, а до нивниот кревет е залепен креветот на Мекензи и таа спие покрај нивните нозе.
Во видеото, Брендон ја прашува Мекензи зошто сака да спие со нив.
„Не знам. Се чувствувам малку побезбедно така“, вели таа.
Брендон објасни дека Мекензи е наглува и кога го вади апаратчето за слушање пред спиење, не слуша ништо, па често се буди ноќе само за да провери дали семејството е покрај неа.
„Имаме противпожарен аларм за глуви луѓе, но што ако не се вклучи? Никогаш не би си простил себеси. Не сакам Мекензи да спие во нашата соба, но никогаш не би ја избркал“, вели тој.
Брендон вели дека и тоа што спијат заедно со ќерките, не значи дека со сопругата немаат време за себе.
„Девојчињата си легнуваат околу 8 часот, а ние не одиме да спиеме пред полноќ. Плус, куќата има неколку соби, па имаме можност да бидеме сами и да си посветиме време само на нас“, додава тој.
Сепак, видеото на Брендон предизвика поделени реакции, а повеќето се со осуда.
„Вакво нешто уште не сум слушнала. Па ќерките никогаш нема да сакаат да се одвојат од вас, никогаш нема да се самостојни“,
„Не постои поголема глупост од тоа децата да спијат во иста соба со родителите, особено што имате можност да спиете разделени. Ова е болно. И малку ми е нездрав вашиот став, треба да престанете да спиете заедно“, стои во коментарите.
Погледнете го видеото:
@deal_family Anyone else co-sleep?? #cosleeping #familygoals #parentsoftiktok
♬ original sound - The Deal Family
А. Ј. | Црнобело