„Ме осудуваат затоа што имам секс само со мажи кои трошат илјадници евра на мене, но не ми е грижа“
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2023
„Имав пријателка која секогаш повторуваше: ‘Пред да имам секс со некој маж, тој мора да потроши барем 2.000 евра на состаноци’. Иако можеби ви звучат многу, навистина не се - тоа вклучува неколку убави вечери, такси, можеби и некаков подарок“, вели инфлуенсерка, која има строги правила за тоа кога ќе има секс со мажот со кој почнува врска.
Американската инфлуенсерка и водителка на поткастот It’s Me, Tinx, Кристина Најар, во една од последните епизоди откри дека веќе неколку години решава дали ќе има секс со некој маж или не, зависно од тоа колку пари тој троши на неа.
Таа вели дека не ни помислува да има секс со некој што нема да потроши барем 2.000 евра на љубовни состаноци и неколку подароци за неа.
„Годините се важен фактор кога одите на прв состанок. Рестораните со евтина или брза храна се во ред кога сте тинејџер, но не и кога созревате и сакате поинакви работи во животот.
Според мене, мора да бидеме фер кога се гледаме со некого. Тоа не значи дека треба целосно да му го испразниме паричникот, но не смееме ни да сме ‘евтини’,“ вели таа.
Кристина, позната како Тинкс, вели дека не е разумно жените да очекуваат „мени со пет вкусови шампањ“ но не смеат да прифатат ни бургер во ресторан за брза храна.
„Не треба да бидеме снобови“, советува таа.
Но, во поткастот откри кое е нејзиното златно правило што го научила од стара пријателка и до кое се придржува веќе неколку недели.
„Имав пријателка кога живеев во Сан Франциско, а која секогаш повторуваше: ‘Пред да имам секс со некој маж, тој мора да потроши барем 2.000 евра на состаноци’.
Иако 2.000 евра можеби звучат многу, навистина не се. Тоа вклучува неколку убави вечери, такси, можеби и некаков подарок“, раскажува Тинкс.
Таа вели дека поради ова често ѝ „лепат етикети“ и ја нарекуваат проститутка бидејќи љубовните состаноци ги гледа преку парите. Но, таа не се сложува со нив и вели дека на овој начин и се штити себеси, и „не спие“ наоколу.
„Јас не им наплаќам за да имаме секс, но сакам да знам дека се доволно големи кавалери за да потрошат пари на мене“, додава таа.
Кристина ги советува своите слушателки да го прифатат ова нејзино правило, но сепак да решат самите на колку состаноци ќе излезат со некој маж, пред сепак да решат да имаат секс со него.
А. Ј. | Црнобело