Девојка се соочи со критики откако призна: „Спиев со 300 мажи во една година, не знам зошто еден од редовните партнери ме откачи“
- Детали
- недела, 29 октомври 2023
„Во една година спиев со 300 мажи, тоа направи да се чувствувам посамоуверено“ – изјави една 26-годишна инфлуенсерка. Сега се жали дека еден од нејзините редовни партнери ја откачил откако ги видел написите за неа во сите светски медиуми. „Не сакам да бидам со некој што ме осудува“ – вели таа.
Австралијката Ени Најт (26) стана топ тема во светските медиуми, откако отворено се пофали во подкаст дека во една година спиела со 300 партнери, па дека тоа ја направило да се чувствува моќно и самоуверено.
„Сексот прави да се чувствувам добро. Тој е наменет за да се чувствуваш добро“ – изјави таа.
Ени вели дека најголемиот број партнери со кои имала секс во таа година ги запознала благодарение на апликациите за состанување, но има и неколку редовни партнери на коишто им се јавува секојпат кога чувствува потреба.
Благодарение на оваа изјава Ени, го доби прекарот „сексуално најактивната жена во Австралија“, но очигледно нејзината слава не им се допаѓа на другите, а осoбено не на еден од нејзините партнери со коишто таа редовно имала секс.
Таа на нејзиниот Инстаграм профил се пожали дека еден од нејзините редовни сексуални партнери одлучил да ја „откачи“ откако ги видел написите за неа во светските таблоиди и списанија.
„Еден од моите редовни сексуални партнери ја прекина комуникацијата со мене откако беа објавени повеќе статии за мене.
Претпоставувам дека не знаел дека постојано ги ротирам партнерите и дека тој е еден од тие со кои редовно имам секс“ – започнува Ени.
Но, она што најмногу предизвика коментари и реакции кај нејзините следбеници е начинот на којшто таа зборува за нејзиниот поранешен партнер.
„Тој беше навистина добро момче и имав високо мислење за него, но ако мисли дека може да ме осудува, може слободно да оди со која сака, бидејќи со мене веќе нема да биде“ – вели таа.
Очекувано, таа доби голем број критики од следбениците што воопшто не го оправдуваат нејзиниот начин на живот:
„Тој не те осудува, само си го штити физичкото и менталното здравје“;
„Наскоро ќе имаш 40 години и ќе бидеш осамена и тажна и ќе сфатиш дека тркалото се врти. Тогаш ќе ти биде јсно дека тој и многу други како него биле само премногу добри за тоа што мислиш дека си. Почит за човекот што има самопочит и сака повеќе од животот“;
„Очигледно сакал нешто повеќе од секс. Па, нема потреба да се лутиш затоа што не си доволно вредна за него“;
„Зошто би му кажала некому дека спиеш со повеќе мажи истовремено... Тоа не е нормално“;
„Дали си толку желна за внимание на социјалните мрежи што пред целиот свет признаваш дека си безвредна...“ – стои во дел од коментарите.
Б. С. Б. | Црнобело