„Бев сиромашна самохрана мајка, а денес сум сопруга на милионер - сите велат дека сум се омажила за пари“

„Останав бремена на 18 години, дечко ми ме остави во осмиот месец од бременоста, а денес сум сопруга на милионер“ – раскажува една 29-годишна жена од САД. Таа често добива коментари дека со сопругот е само заради неговите пари, но таа вели дека не е така, туку дека младите мажи едноставно не ѝ се привлечни.

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-01_copy.jpg

Алиса Серемет (29) од САД е мајка на две деца и маќеа на ќерката тинејџерка на нејзиниот сопруг Марк, а вели дека откако го запознала него нејзиниот живот се променил во целост.

Алиса редовно објавува содржини на социјалните мрежи, каде се јавува под псевдонимот „Вашата омилена жена-трофеј“ (Your Favorite Trophy Wife), а сега откри дека нејзиниот 29 години повозрасен сопруг Марк, го запознала кога имала само 24 години.

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-03.jpg

Во тој период таа била самохрана мајка, без скршен денар, а денес живее како сопруга на милијардер во палата, а вели дека главна преокупација ѝ е да биде мајка и домаќинка за сопругот.

Како што откри во коментарите, кога се запознале таа работела како дадилка, а потоа тој ѝ понудил вработување, по што брзо започнала нивната романса.

Алиса на 18 години ја добила ќерката Зија и открива дека во периодот пред да го запознае сегашниот сопруг била во очајна финансиска состојба и живеела само од социјалната помош што ја добивала како млада мајка.

„Бев сама. Таткото на Зија ми раскина кога бев во 8-иот месец од бременоста и живеев со мајка ми и со сестра ми додека ќерка ми да наполни 2 години“ – напиша таа.

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-04.jpg

„Не знам како, но ми успеа“ – вели таа во едно од видеата.

Алиса честопати добива погрдни коментари дека фатила постар маж со многу пари затоа што не можела да најде некој помлад, па во едно од видеата таа одлучи да им одговори на хејтерите:

„На почетокот на врската Марк беше загрижен дека ќе го оставам за некој што има повеќе пари и е помлад од него. Но, јас не сакам млади мажи. Тие се ужасни, непедантни и незрели.“

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-05.jpg

Инаку, Алиса редовно објавува фотографии од нејзиниот заеднички живот со ќерката Зија, синот Киану, кој го добила од бракот со Марк и неговата ќерка тинејџерка Мел.

Погледнете дел од фотографиите:

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-06.jpg

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-07.jpg

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-08.jpg

bev-siromashna-samohrana-majka-a-denes-sum-sopruga-na-milioner-site-velat-deka-sum-se-omazhila-za-pari-09.jpg

https://www.instagram.com/p/CoiwoTWAanm/

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg