Маж ја напушти забавата за откривање на пол откако дозна дека со сопругата ќе добијат ќерка (видео)
- Детали
- вторник, 03 октомври 2023
Маж се соочи со остри критики поради видео од прославата за откривање на полот на неговото дете. Додека неговата партнерка е пресреќна, тој штом сфаќа дека ќе има ќерка е видно разочаран, па дури и се тргна настрана.
Иако некои мажи можеби преферираат син или ќерка, кога партнерката ќе остане бремена, тие го сакаат тоа дете без разлика на полот.
Но, изгледа ова не важи за сите.
Маж, чие име не е познато, се соочи со остри критики поради видео од прослава за откривање на полот на неговото дете.
На видеото се гледаат тој и партнерката која држи некаков вид пиротехника што испушта чад.
Кога чадот станува розов, жената почнува да скока од радост, но мажот е видно разочаран до тој степен што се тргна од кадарот.
Видеото има илјадници коментари од кои повеќето се критика кон мажот, а многумина ја сожалуваат жената:
„Уште на почетокот изгледа како да не сака да биде таму“.
„Очигледно е дека жената едвај се воздржа да не заплаче“.
„Зошто никој не ја прегрна жената?“
„Ќе се молам за неа. Се надевам дека навреме ќе ги забележи предупредувачките знаци и ќе го остави“.
„Зарем сериозно се случило ова? На мојата прослава за откривање на полот јас и сопругот се прегрнавме силно и плачевме од среќа за нашето девојче“.
„Од тој момент ќе бидат само таа и нејзината ќерка“.
Погледнете го видеото:
https://www.tiktok.com/@gender.reveal.tv/video/7268747831693937966
Спирова С. | Црнобело