„Хејтери ме исмеваат дека сум премногу грд за мојата сексапилна сопруга, но не знаат за мојата автоимуна болест“
- Детали
- четврток, 14 септември 2023
Дивајн прва му испратила порака на Скот, мислејќи дека е некој друг, но тие почнале да се допишуваат секојдневно и низ разговорите сфатиле дека имаат многу заеднички работи. По неколку години, Дивајн се преселила во САД и парот стапил во брак.
Скот од Тексас и неговата сопруга Дивајн, од Филипините, се заедно седум години. Но, поради разликата во нивниот физички изглед, тие се мета на злобни коментари на социјалните мрежи.
Дивајн прва му испратила порака на Скот, мислејќи дека е некој друг, но тие почнале да се допишуваат секојдневно и низ разговорите сфатиле дека имаат многу заеднички работи. По некое време, Дивајн се преселила во САД и парот се венчал.
Но, кога во 2021 година почнале да објавуваат видеа на ТикТок за нивната врска и љубовна приказна, стотици сурови критичари одбиле да поверуваат дека тие би можеле некогаш да бидат заедно, па коментирале дека нивната врска е лажна.
Наместо да реагираат на злобните коментари, тие почнале да споделуваат уште повеќе видеа, велејќи дека нивниот брак станал уште поцврст.
Инаку, некои луѓе не знаат дека Скот боледува од хронична автоимуна болест наречена Склеродермија.
Склеродермија или Системска склероза е автоимуна ревматска болест која се карктеризира со прекумерно производство и акумулација на колаген во кожата и во внатрешните органи, и со повреди на малите артерии.
Таа е хронично автоимуно нарушување кое ја зафаќа кожата, зглобовите, крвните садови и внатрешните органи.
Кај некои луѓе, склеродермијата ја зафаќа само кожата, додека кај останатите ги зафаќа и крвните садови, внатрешните органи или дигестивниот тракт.
Кај Скот ова нарушување почнало кога имал 13 години и го „оформила“ неговиот изглед, но тој вели дека не се очекува изгледот да му се влоши.
Тој порачува дека луѓето не смеат да бидат полни со осуда, кога не секогаш ги знаат сите факти.