Татко од Канада се жали: „Ги однесов децата во Дизниленд - потрошив цело богатство за да не чекам по 2 часа за возење“

„Не одете во Дизниленд. Се срамам од тоа колку пари потрошив за еден ден со семејството таму“ – вели татко на две деца од Канада, кој на социјалните мрежи се пожали дека најпознатиот тематски парк во Париз е машина за трошење пари.

tatko-se-zhali-gi-odnesov-decata-vo-diznilend-vo-pariz-morav-da-platam-bileti-od-1-200-dolari-za-da-ne-chekam-po-2-chasa-za-sekoe-vozenje-01.jpg

Марио Зелаја од Канада, заедно со своите две деца неодамна бил во посета на Париз и сакал да им приреди на своите деца незаборавно искуство во Дизниленд, но сега се жали дека се покајал, затоа што не очекувал колку многу пари ќе потроши.

Тој на ТикТок објави видео во кое вели дека Дизниленд е најголемата машинерија за трошење пари, а вели дека направил огромна грешка што воопшто одлучил да го посети.

„Направив огромна грешка, отидов во Дизниленд во Париз. Сега се срамам од тоа колку многу пари потрошив.

Само за билети дадов 1.200 долари. Зошто го направив тоа?“ – вели тој на почетокот на видеото.

tatko-se-zhali-gi-odnesov-decata-vo-diznilend-vo-pariz-morav-da-platam-bileti-od-1-200-dolari-za-da-ne-chekam-po-2-chasa-za-sekoe-vozenje-02.jpg

Марио појаснува дека обичните билети се продаваат по цена од 120 долари, но семејството купило премиум билети, што се за 173 долари поскапи од човек, со цел да ги прескокнат долгите редици и побрзо да стигнат до секоја од содржините во паркот.

Со оглед на големата толпа, за секоја од содржините се чекало по еден час и 15 минути, но со премиум билетите, тие успеале да ги прескокнат долгите редици.

tatko-se-zhali-gi-odnesov-decata-vo-diznilend-vo-pariz-morav-da-platam-bileti-od-1-200-dolari-za-da-ne-chekam-po-2-chasa-za-sekoe-vozenje-03_copy.jpg

Тој пресметал дека ако за секоја од содржините чекале редици со регуларни билети, тогаш би требало да поминат повеќе од 25 часа во стоење.

„Ова се правилата на Дизниленд: Очекувајте долги чекања што граничат со лудило, а ако не сакате да чекате редици, тогаш ќе треба да платите огромна сума за премиум билети.

Ако одлучите да чекате на ред затоа што премиум билетите не се однесуваат на сите содржини, повторно треба да очекувате огромна сметка“ –  вели тој во описот на видеото.

tatko-se-zhali-gi-odnesov-decata-vo-diznilend-vo-pariz-morav-da-platam-bileti-od-1-200-dolari-za-da-ne-chekam-po-2-chasa-za-sekoe-vozenje-04.jpg

Голем број од неговите следбеници се сложуваат со неговите тврдења и велат дека не сфаќаат зошто некој би чекал цели два часа за петминутно возење на некои од содржините во паркот, а други напоменаа дека ако одите треба да бидете свесни и дека храната е прескапа и дека никогаш повеќе нема да одат таму.

Погледнете го видеото на Марио:

https://www.tiktok.com/@supermariozelaya/video/7273265198046235909

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg