Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите детали за трагичната приказна на инфлуенсерката што почина од неисхранетост, јадејќи само овошје

Што е сирово веганство?

Овој начин на исхрана се состои од храна од растително потекло, која не е зготвена или преработена.

Целта е храната да се јаде во нејзината природна состојба бидејќи луѓето кои ја следат оваа диета веруваат дека готвењето ги уништува ензимите за дигестија и создава токсини во телото.

Важно е да се нагласи дека нема научен доказ за ова.

Сировото веганство дозволува консумирање овошје, зеленчук, изртени зрна, семиња и јаткасти плодови.

Начинот на подготовка на храната вклучува блендирање на храната, сушење, ферментирање…

Поради ова, може да се консумираат и растителни млека, зеленчукови масла, путери од јаткасти плодови и сушено овошје.

site-detali-za-tragichnata-prikazna-na-influenserkata-shto-pochina-od-neishranetost-jadejkji-samo-ovoshje-02.jpg

Има ли придобивки од овој начин на исхрана?

Нормално, кога јадете многу овошје и зеленчук, ќе почувствувате придобивки по здравјето.

Покрај тоа, овие намирници се нискокалорични, што значи го поттикнуваат слабеењето.

Некои истражувања покажале и дека веганскиот начин на исхрана (кој дозволува и зготвена храна) е поврзан со намален ризик од кардиоваскуларни болести.

site-detali-za-tragichnata-prikazna-na-influenserkata-shto-pochina-od-neishranetost-jadejkji-samo-ovoshje-03.jpg

Кои се опасностите од сировото веганство:?

Покрај малиот број калории, најголемата опасност од сировото веганство е недоволниот внес на хранливи материи, како витамини и минерали.

Генерално, луѓето кои го следат овој начин на исхрана можат да се соочат со дефицит на калциум, железо, протеини и витамини Б12 и Д.

Поради недостатокот од хранливи материи, може да ослабат мускулите и коските.

Истовремено, може да се зголеми и ризикот од кариес, особено ако се консумира многу овошје со висока киселост.

Во некои случаи, сировото веганство може да ја намали и плодноста. Во едно истражување, 70% од испитаничките кои го следеле овој начин на исхрана забележале промени во менструалниот циклус.

Луѓето кои го следат овој начин на исхрана задолжително треба да го проверуваат нивото на витамини во организмот.

Истовремено, треба да земаат и додатоци во исхраната за да не се соочат со сериозни проблеми.

Треба да консумираат и големи количини храна за да не ослабат премногу.

site-detali-za-tragichnata-prikazna-na-influenserkata-shto-pochina-od-neishranetost-jadejkji-samo-ovoshje-04.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
Почина папата Франциск на 88 години Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Францис...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“ „Неколку месеци по силувањето чувствував болка во абдоменот и при уринирање, тес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg