Девојка со искрен приказ на своето тело тврди: „Не треба да верувате во лажните стандарди за убавина на Инстаграм“
- Детали
- сабота, 12 август 2023
„Порано ги едитирав моите фотки. Со години си ја ослабнував половината, си ставав совршен тен на кожата, а потоа ќе се погледнев во огледало и се мразев себеси. Филтрите се штетни...“, вели Шел Џонсон од Велика Британија.
Британката Шел Џонсон, која има скоро 28.000 следбеници на ТикТок, ја привлече публиката со своите едноставни, а искрени објави. Таа често испраќа порака дека животот на интернет и реалниот живот се сосема поразлични и дека не треба да верувате во лажните стандарди што ги создаваат совршените фотки.
Шел не се плаши да ги покаже огромните разлики што постојат меѓу реалните и разубавените фотографии. И постојано им порачува на следбениците: „Не верувајте во сè што ќе видите на интернет“.
Колку што убавите фотографии од себе може да ни ја кренат самодовербата, толку совршените фотографии на другите луѓе може да ни ја урнат.
Но, Шел преку своите објави се труди да ја претстави реалната слика за општеството и да покаже дека никој не треба да трча по совршенство, бидејќи тоа е, најчесто, само мит.
„Порано ги едитирав моите фотки. Со години си ја ослабнував половината, си ставав совршен тен на кожата, а потоа ќе се погледнев во огледало и се мразев себеси. Филтрите се штетни“, вели таа.
Шел на своите профили објавува колажи од фотки, па на едната седи исправено и затоа не се гледаат „фалтите“ на телото, а на другата седи опуштено и се забележува секоја нејзина мана.
„Не е важно дали сте слаби или полнички. Важно е како позирате – да бидете исправени, да ја наместите облеката поинаку, да го изберете вистинскиот агол, да ги истакнете најубави црти“, додава.
Таа вели и дека жените не треба да им веруваат на рекламите со производи за слабеење, бидејќи моделите го местат телото поинаку за фотките „пред“ и „потоа“ и создаваат лажна слика за ефикасноста на производот.
Но, ова не се однесува само на луѓето, туку и на предметите и убаво уредените простори.
„На пример, зад фотката од совршено цвеќе во вазна можеби се крие куп неизмиени садови“, вели таа.
Британката додава и дека никогаш не треба да се споредувате со другите, туку да верувате во себе и да бидете среќни со тоа што ви го дава животот.
Погледнете ги видеата:
?@withloveshell Replying to @Ashy Jean #instagramvsreality #filtervsreality #digitalwellbeing #relationshipwithself #comparison
♬ original sound - Shell Johnson
?@withloveshell Replying to @Shell Johnson standardised filters replicate the same face over and over. But you weren’t designed with copy & paste. You are uniquely beautiful and intentionally made 💜 #filtervsreality #comparison
♬ original sound - Shell Johnson
https://www.tiktok.com/@withloveshell/video/7166700579719286021?
https://www.tiktok.com/@withloveshell/video/7181583095223651589?
А. Ј. | Црнобело