„Само видов дека ногата ми е во нејзината уста“ – Сурфер (21) раскажува како преживеал напад од ајкула на „најсмртоносната“ плажа

„Додека паѓав наназад, видов дека мојата нога е во нејзината уста, па потоа ме повлече надолу“ – млад сурфер од САД раскажува како изгледал нападот од ајкула во водите на најсмртоносната плажа. Успеал да преживее благодарение на брзата реакција на другарот кој бил веднаш до него.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-01.jpg

Крис Попсил (21) од Флорида на 15-ти јули годинава сурфал во водите на познатата плажа New Smyrna Beach на Флорида, кога бил нападнат од ајкула. Младиот студент се здобил со повреди на ногата, а за светските медиуми го пренесува своето искуство од нападот.

„Ајкулата дојде од под мене. Ми ја турна штицата за сурфање и ме преврте, a додека паѓав наназад видов дека мојата нога е во нејзината уста, па потоа ме повлече надолу“ – раскажува тој.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-02.jpg

За голема среќа, во негова непосредна близина бил другар му Рис Редиш кој веднаш скокнал за да му помогне.

„Веднаш штом излегов на површината, Рис беше тука, ме повлече за блузата и ме качи на штицата“ – раскажува Крис.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-03.jpg

Тој се здобил со потешки повреди, но сепак лекарите успеале да му го спасат стапалото, а верува дека неговата судбина би била многу полоша доколку другарот веднаш не се фрлел во акција за да му помогне.

„Ако Рис не беше таму, мислам дека сѐ ќе беше многу полошо и не верувам дека доволно брзо ќе успеев да испливам на брегот и најверојатно ќе го загубев животот“ – вели тој.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-04.jpg

Откако момчето било пренесено на брегот, спасувачите веднаш побрзале да му помогнат, а тој вели дека веднаш ги прашал дали ќе го загуби стапалото.

Оттаму бил пренесен во болница каде му била извршена 4-часовна операција, а лекарите од зглобот на неговото стапало извадиле делови од забите на ајкулата.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-05.jpg

Рис имал седум скинати тетиви и неколку крвни садови му биле оштетени, а по болничкото лекување ќе треба да оди и на физикална терапија.

Иако лекарите не веруваат дека во целост ќе закрепне од блиската средба со ајкулата, тој вели дека овој инцидент нема да го одврати од желбата и понатаму да сурфа.

Штом закрепне, тој и Рис планираат веднаш да се вратат на брановите.

„Ништо не се промени. Дефинитивно ќе продолжам да сурфам. Тоа е мојот начин на живот и тоа е нешто што сакам да го правам“ – раскажува тој.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-06.jpg

Инаку, плажата New Smyrna Beach во Флорида е позната по белиот песок, кристално бистрите води и брановите за сурфање, но истовремено и по тоа што овде има голем број напади од ајкули.

Таа важи за една од 10-те најсмртоносни плажи во Америка според Travel Lens.

samo-vidov-deka-moeto-stapalo-e-vo-nejzinata-usta-surfer-21-raskazhuva-kako-prezhiveal-napad-od-ajkula-na-najsmrtonosnata-plazha-07.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg