Никој не го гледа заради рецептите - Кој е најзгодниот готвач на Инстаграм? (фото+видео)
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
„Успеа ли некој да го види рецептот?“ – прашуваат девојките до видеата на Џордан Морело oд САД, најзгодниот готвач на Инстаграм, кој полугол приготвува здрави специјалитети. Погледнете ги видеата и ќе сфатите зошто речиси никој не може да види што приготвува тој во видеата...
Симпатичен, харизматичен, со извајани стомачни мускули и насмевка што освојува, Џордан Морело е најзгодниот готвач на Инстаграм, а девојките коментираат дека ниту една од нив не може да види што тој приготвува во видеата.
Џордан Морело е фитнес тренер и готвач кој во 2020-та година ја издаде книгата со рецепти Buon Appetito, а на својот Инстаграм профил каде има над 400.000 следбеници редовно споделува здрави и вкусни рецепти.
Убавиот готвач живее во Флорида, САД, каде работи со клиенти за кои креира програми за тренинг и нутриционизам.
На само 7-годишна возраст на Џордан му бил дијагностициран Синдром на невнимание и хиперактивност (АДХД), па тој тврди дека успеал својата состојба да ја подобри благодарение на здравата исхрана и вежбите.
Неговите следбенички со нетрпение ги очекуваат неговите нови видеа, а речиси сите се сложни дека не можат да им одолеат. Сите се сложни дека многу поинтересен е самиот Џордан кој најчесто готви полугол, отколку неговите специјалитети.
„Дали сериозно веруваш дека луѓето додаваат лајк на твоите објави заради рецептите“, „Ти благодарам за рецептот, само седев и те гледав“, „Успеа ли некој да го види рецептот?“ – се само дел од коментарите што се појавуваат до неговите видеа.
Погледнете повеќе видеа од Џордан во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело