Морничаво видео од Грција: Дете oд Србија на гума залутало среде море - важна поука за сите родители

„Настанот на снимката се случи пред две години. Морската струја го однела тригодишното девојче со километри подалеку од брегот. Беше спасено од екипажот на траект, сосема случајно, среде море“, пишува на морничавото видео на кое се гледа како мало девојче плови среде море на гума. Видеото е потсетник за родителите дека не треба да ги потценуваат морските струи и ветрот кога се на плажа.

mornichavo-video-zoshto-roditelite-sekogash-treba-da-ja-drzhat-gumata-na-deteto-koga-e-vo-voda-01.jpg

На ТикТок видео споделено од страна на профил на веб-сајтот Nikana.gr, се гледа мало девојче на гума кое е во морето, и тоа на неколку километри од брегот.

Видеото било снимено пред две години во Грција, но е одличен потсетник за родителите во летната сезона.

„Настанот на снимката се случи пред две години. Морската струја го однела тригодишното девојче со километри подалеку од брегот. Беше спасено од екипажот на траект, сосема случајно, среде море“.

mornichavo-video-zoshto-roditelite-sekogash-treba-da-ja-drzhat-gumata-na-deteto-koga-e-vo-voda-02.jpg

Во видеото се спомнати слични инциденти од лани и годинава:

„Денес сличен инцидент се случи и на двегодишно дете од Србија. Имено, ветрот ја однел гумата со детето повеќе од два километра од брегот. Неколку луѓе, вклучувајќи и родителите, залудно пливале да го дофатат, но детето на гумата одело сè подалеку и подалеку од брегот. На крај само малку се гледала гумата, како точка во далечината.

По 20-30 минути агонија, викање по помош од сите кои се нашле таму и оние кои пливале, некој човек на скутер дошол и го извлекол детето на брегот заедно со гумата.

Минатото лето имаше уште еден сличен случај покрај Кавала.

Важно е родителите да бидат свесни дека мора да го држат чамецот или гумата, бидејќи морските струи и ветрот можат за неколку секунди да ги однесат децата толку далеку, што е невозможно да ги фатат“.

До крајот на видеото се гледа како траектот се доближува до девојчето на гумата, а луѓето успеваат да го дофатат и безбедно да го качат на бродот.

@nikana.gr

Spasavanje trogodišnje devojčice na gumi u moru #grcka

♬ original sound - nikana.gr - letovanje u Grčkoj

Досега видеото има над половина милион прегледи и бројни коментари, особено од загрижени родители. Многумина и ги критикуваат родителите на децата што не внимаваат.

Сепак, други истакнуваат дека родителите секако можеле да внимаваат повеќе, но важно е да се разбере колку мал момент на невнимание е доволен за да настане трагедија.

„Не сакав многу да ја контролирам мојата 8-годишна ќерка, но по ова не ми е грижа. Нема да ја испуштам од рака“.

„Како родителите можат да го изгубат детето од видик?“

„Како некои родители не внимаваат на децата… Ужас“.

„Зарем не читате – родителите и сите по ред пливале за да го стигнат детето, но тоа се силни струи, не можат. Се надевам дека разбирате!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
„Бев сурогат мајка за родители кои побараа од мене да абортирам - Го родив бебето против нивна волја... Што прават сурогат мајките кога родителите среде бременост ќе им кажат дека се п...
Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“ Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видео...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg