Режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон: „Уште во понеделникот дознав за имплозијата на подморницата, потрагата беше бесцелна“
Камерон рече дека се чувствува ужасно за семејствата на кои со денови им била давана лажна надеж додека траела потрагата.
Засега не се знае што точно ја предизвикало имплозијата на малата подморница, но Камерон вели дека со ова се потврдуваат тврдењата на некои критичари дека употребата на јаглеродни влакна и титаниум е несоодветна, затоа што кај подморницата може да се појават минијатурни дефекти и продор на вода, што може да биде фатално со текот на времето.
На Твитер веќе се појавија графички прикази за тоа како би изгледал моментот на имплозија на подморницата.
🚨 Breaking News
— Sajid ALi (@sajii_writes) June 23, 2023
All five people onboard on #Submersible are all very sadly died, #OceanGate confirms. This video shows how the accident happened with the submarine. 💔#Titanic #titanicsubmarine #implosion #TitanicRescue#Titan #ShahzadaDawoodpic.twitter.com/pdpSOpgoHG
За потсетување, малата подморница „Титан“ исчезна од радарот и изгуби комуникација со придружниот брод „Polar Prince“ во неделата (18.06).
Потрагата по преживеани траеше сѐ до четвртокот (22.06) кога припадници на Крајбрежната стража на САД потврдија дека со помош на далечински управувано возило се најдени остатоците на „Титан“ на околу 500 метри оддалеченост од потонатиот брод „Титаник“.
Во подморницата „Титан“ животите ги загубија генералниот директор на компанијата OceanGate, Стоктон Раш, нуркачот Пол Анри Наржоле, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син, Сулејман.
Прочитајте и Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што потона во близина на „Титаник“
Б. С. Б. | Црнобело