Хрватите се соблекоа по гаќи, Финецот симулираше секс: Највпечатливите моменти од првото полуфинале на Евровизија 2023
- Детали
- среда, 10 мај 2023
Светската ѕвезда Рита Ора ги засени сите евровизиски претставници со своето шоу, Хрватите јавно го исмеаја Владимир Путин со својата песна со која ја поддржаа Украина, Израелката Ноа ја крена на нозе целата сала која пееше погласно и од неа... Кои беа најинтересните моменти од првото полуфинале на Евровизија 2023?
Вчеравечер (09.05) во арената Ливерпул се одржа првото полуфинале на Евровизија 2023.
На големата сцена, која изгледаше грандиозно и гламурозно, настапија 15 земји учеснички, а 10 од нив влегоа во финалето што ќе се одржи на 13 мај - Шведска, Швајцарија, Норвешка, Србија, Хрватска, Португалија, Молдавија, Израел, Чешка и Финска.
Евровизија одамна веќе не е само избор за најдобра песна во Европа.
Земјите години наназад испраќаат претставници што се поинакви, впечатливи на сцената, што знаат и да пеат и да танцуваат, но и што се скандалозни.
Секој се труди да биде најдобар што може. И, допадлив за публиката бидејќи оваа година, барем за полуфиналните вечери, публиката е единствена што гласа.
Ни Евровизија во Ливерпул не е поинаква - првата полуфинална вечер беше забавна, откачена и со по некој скандал.
Во продолжение, погледнете кои се некои од највпечатливите моменти од првото евровизиско полуфинале:
Украинската пејачка и актерка, Јулија Санина, која е една од трите водителки заедно со Алиша Диксон и Хана Вадингам, го почна својот говор на отворањето со порака против војната во Украина, по што беше поздравена со силен аплауз.
Хрватските претставници „Let 3“ оваа година важат за најскандалозни изведувачи – тие среде настап се соблекоа на сцената и останаа по гаќи.
На социјалните мрежи ги критикуваат дека тие се стари за такво нешто и дека невкусно е дедовци да шетаат во гаќи во шоу што го гледаат и деца.
„Let 3“ во песната „Mama ŠČ“ отворено го напаѓаат Владимир Путин и ја поддржуваат Украина во конфликтот против Русија, што предизвика многу контроверзии.