Хрватите се соблекоа по гаќи, Финецот симулираше секс: Највпечатливите моменти од првото полуфинале на Евровизија 2023
Финскиот претставник Карија, кој ја пееше „Cha Cha Cha“, по настапот откри дека е професионален танчар и дека играјќи „ча-ча“ освоил шампионска титула на натпревар во Лас Вегас.
Сепак, неговиот настап во кој симулира секс на сцената предизвика осуда на социјалните мрежи.
Водителката Алиша Диксон ја изненади публиката кога почна да рапува, а во своето мини шоу вклучи и некои од пејачите, но и целата публика од салата.
„Кога јас ќе кажам 'ливер', вие ќе речете 'пул'!“ – беше дел од нејзиниот настап.
https://twitter.com/Eurovision/status/1656019371502845952
Алиша потоа ги издвои израелската пејачка Ноа, финскиот претставник Карија и Малтежаните „The Busker“ и ги убеди да ѝ покажат дел од своите најдобри сценски движења.
Претставниците на Малта не беа баш инвентивни во играњето, па Алиша им се изнасмеа среде пренос.
https://twitter.com/Eurovision/status/1656039523673882627
Израелската претставничка Ноа Кирен беше испратена со силни овации, а публиката посилно од неа го пееше рефренот на песната „Unicorn“.
За неа велат дека е најубавата учесничка на Евровизија оваа година.
Поранешните евровизиски водители, Монс Зимерлоу и Филомена Котела, одговараа на квиз прашања поврзани со Евровизија 2004 и ја потсетија публиката на шоуто во Истанбул.
Иако на сцената се појавија 15 земји учеснички, шоуто го „украде“ Рита Ора, која имаше краток настап во кој изведе дел од своите најголеми хитови.
Второто полуфинале ќе се одржи на 11 мај, а ќе настапат 16 земји.
Македонија оваа година нема свој претставник, откако заедно со Црна Гора и Бугарија се откажаа од учеството на Евровизија 2023.
А. Ј. | Црнобело