„Земјата со помалку од 2 милиони жители ја посрамоти Италија дома“ – Како странците ја доживеаја победата на Македонија? (фото+видео)
Италијанската верзија на Eurosport објави статија со наслов: „Квалификации за Светско Првенство, Италија – Северна Македонија 0-1: Трајковски ни приреди кошмар, надвор сме од светскиот мундијал“.
Eurosport уште во првата реченица нагласува дека Александар Трајковски кој го даде победничкиот гол за Македонија во минатото играше за Палермо, каде се одигра и синоќешниот решавачки натпревар во кој Македонија ја порази Италија.
Поранешниот италијански заменик премиер и министер за внатрешни работи Матео Сaлвини на својот Инстаграм профил објави видео од натпреварот и напиша:
„Италија За-сра-ме-на.
Секоја чест за Северна Македонија: нема ниту 2 милиони жители, главен град е Скопје, валутата им е македонски денар, а на теренот покажаа посветеност, труд, решителност и понизност.
А, Аѕурите?
Премногу пари, малку труд.“
https://www.instagram.com/tv/CbgMhtcqi4h/?utm_source=ig_web_copy_link
Италијанскиот весник Corriere dello Sport напиша статија со наслов: „Неверојатно, уште една катастрофа: Италија повторно е надвор од Светското првенство.“
„Аѕурите загубија на домашен терен од Северна Македонија и не се квалификуваа по вторпат. Имаше голем број можности за тимот на Манчини, но и многу загуби. Трајковски го потпиша натпреварот во 92-та минута“ – ја започнува својата статија весникот.
Tuttosport, пак, објави статија со наслов: „Италијанска катастрофа – Син кошмар: Манчини исфрлен од Македонија и нема учество на Светското првенство“.
Британскиот весник The Guardian напиша статија со наслов: „Светско првенство: Италија исфрлена од Северна Македонија во драматично финале.“
„Катастрофа! – Северна Македонија ја изненади Италија во квалификациите за Светското Првенство“ – е насловот на порталот goal.com.
Уште наслови на следната страна...
Би можело да ве интересира:





