Најзгодната спортистка во светот го прослави 23-тиот роденден – Алиса Шмит има лице на ангел и тело на божица (фото)
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
Алиса Шмит е германска спортистка која на Олимписките игри се натпреваруваше во штафетата 4 пати на 400 метри. Спортските магазини ја прогласија за најзгодната спортистка на светот, а неодамна наполни 23 години.
Талентираната Германка започнала да се занимава со атлетика на само 6-годишна возраст. Оттогаш освоила бројни награди вклучувајќи и сребрен медал на Европското првенство.
Се занимава и со манекенство, а на Инстаграм ја следат над 2,5 милиони обожаватели.
Поради атрактивниот изглед, Алиса признава дека добива и многу непристојни понуди.
„Добивам многу неморални понуди во приватни пораки. Понекогаш ми е смешно, но не се заморувам премногу со тоа“.
Алиса е позната и по тоа што ја одбила понудата на Плејбој да се фотографира без облека.
„Фокусирана сум на спортот и сакам тоа да им биде јасно на сите. Има илјадници други девојки на Инстаграм кои изгледаат навистина добро, но немаат толку многу следбеници. Со добриот изглед, треба да понудите нешто повеќе интересно. За мене тоа е атлетиката“, заклучила Алис.