Олимписки натпреварувачи во 1936 година ги споиле медалите во „Медал на пријателството“ бидејќи имале исти резултати
- Детали
- среда, 18 август 2021
На Олимписките игри во 1936 година двајца натпреварувачи во иста дисциплина – скок во височина – постигнале ист резултат, но наместо да се помират со сребрениот и бронзен медал, решиле да ја делат „победата“, креирајќи го таканаречениот „медал на пријателството“ составен од пола сребро-пола бронза.
Суео Ое и Шуеи Нишида од Јапонија на Олимписките игри во 1936-та се натпреварувале во скок во височина. Тие двајца, заедно со уште тројца натпреварувачи, прескокнале 4,15 метри, па останало да се натпреваруваат за прво, второ и трето место.
Еден натпреварувач, Американецот Ерл Медоус, прескокнал 4,35 метри, а ова му го загарантирало златниот медал.
Бидејќи некои натпреварувачи се откажале, им останало на двајцата Јапонци да се натпреваруваат за сребрениот и бронзениот метар. И Суео и Шуеи прескокнале 4,25 метри, но наместо да продолжат да се натпреваруваат, тие сакале да го делат сребрениот медал.
За жал, организаторите не го дозволиле ова, па морало да се одлучи кој од нив ќе добие сребрен, а кој бронзен медал. На крај, сребрениот медал го добил Шуеи, а Суео го добил бронзениот.
Но наместо да се помират со одлуката на комисијата, атлетичарите решиле да ги поделат медалите штом се вратиле во Јапонија. Односно, тие направиле два нови медали, половина сребрени и половина бронзени. На овој начин, секој од нив имал и сребрен, и бронзен медал.
Денес медалите се познати како „Медали на пријателството“ и се симбол за длабоките и трајни врски што ги градат натпреварувачите за време на Олимписките игри.
За жал, Суео загина само пет години по Игрите, откако станал дел од Јапонската армија за време на Втората светска војна, а неговиот медал го чува неговото семејство.
Шуеи почина во 1997 година, а неговиот медал е изложен во универзитетот Waseda во Токио и до денес стои како потсетник за тоа дека Олимписките игри се многу повеќе од борба за медали.
Спирова С. | Црнобело