Ништо не се споредува со емоциите на олимписките натпреварувачи откако ќе освојат медал (фото)
- Детали
- вторник, 10 август 2021
По едно одложување и многу, многу планирање за безбедноста на натпреварувачите, изминативе 2-3 недели конечно имавме можност да ги погледнеме Олимписките игри во Токио.
Годинава на Игрите се натпреваруваа околу 200 држави, вклучувајќи ја и Македонија, а овојпат успеавме да се закитиме и со медал – теквондистот Дејан Георгиевски освои сребрен медал во категоријата над 80 килограми.
Освоениот медал на Олимписките игри е емотивен момент за целата држава, но не можеме ни да си замислиме како се чувствуваат натпреварувачите заслужни за успехот. Овие луѓе тренираат целиот нивен живот и за нив е успех само да се квалификуваат на Игрите, па само помислете што им минува низ глава откако ќе освојат медал.
Емоциите на натпреварувачите кои освоиле медал на Игрите не се споредуваат со ништо, а следниве фотки одлично го покажуваат тоа:
Американската пливачка Кејтлин Сандено (десно) се радува и ѝ честита на Мисти Химан (лево) за освоениот златен медал, 2000 година
Реакцијата на Русинката Јелена Исинбаева откако освои злато и постави нов рекорд за скок во височина, 2004 година
Џудиската Рјоко Тани од Јапонија откако го освои златниот медал на Олимписките игри во 2004 година
Михаела Дорфмајстер од Австрија не може да ги воздржи солзите откако го освои првото место во скијање, 2006 година
Мајкл Фелпс од САД не ја крие радоста откако го освои седмиот златен медал на Олимписките игри во 2008 година
Вон Ву Јанг во мигот откако го победи противникот и освои златен медал во мечување, 2012 година
Пливачот Чад ле Клос од јужна Африка откако сфати дека освои злато, 2012 година
Скијачот Дарио Колоња од Швајцарија заплака по победата во 2014 година
И Виктор Акселсен од Данска не може да се воздржи по победата во бадминтон на Олимписките игри годинава
На Сифан Хасан не ѝ се верува дека победи на трката на 10.000 метри, 2021 година
Ли Венвен од Кина освои злато во кревање тегови – од фотката е јасно колку ѝ значи оваа победа, 2021 година
И бронзениот медал е огромен успех – Русинката Мадина Тајмазова по џудо натпреварот, 2021 година
Спирова С. | Црнобело