Руска убавица – Јулија Ефимова е една од најубавите спортистки на Летните олимписки игри во Токио (фото)
- Детали
- понеделник, 26 јули 2021
Јулија Андрејевна Ефимова е родена на 3 април 1992 година. Таа е популарна руска пливачка, која пливала за татковината на Летните олимписки игри во 2008, 2012 и 2016 година.
На игрите во 2012 во Лондон го освоила бронзениот медал во дисциплината 200 метри градно, а на игрите во 2016 во Рио освоила сребрени медали на 100 и 200 метри градно.
Ефимова е родена во Грозни и по Првата чеченска војна, заедно со свето семејство се преселила во Волгодонск. Таму, Ефимова тренирала во едно од локалните училишта со помош на нејзиниот татко Андреј Јефимов.
И покрај скандалите со допинг во 2014 година, кога нејзиниот тест бил позитивен на забранети супстанции и суспензијата која траела до 28 февруари 2015 година, очигледно е дека Јулија не дозволува да ја запре ништо.
Нејзините медали и резултати од Светското првенство во мали базени во 2013 година биле избришани. Постигнатите два светски рекорди на првенството исто така ѝ биле избришани.
29-годишната пливачка е повторно дел од Летните олимписки игри 2020 кои се одржуваат во Токио, а нејзиниот најголем ривал е американската пливачка Лили Кинг.
Без разлика на успехот што ќе го оствари Ефимова, се чини дека секогаш го привлекува вниманието каде и да се појави и слободно може да работи како фото-модел:
(О)Милена | Црнобело