За малку бездомник, а денес НБА ѕвезда инспириран од Коби Брајант – неверојатната приказна за „детето-чудо“, Џејсон Тејтум
- Детали
- понеделник, 24 мај 2021
Како дете, тој бил на работ да стане бездомник. За среќа, имал мајка која никогаш не се откажала, а ваквата упорност му ја всадила и нему.
Денес, тој е подеднакво упорен и борбен во дресот на Бостон и сака само едно – титула.
Прочитајте ги следните интересни детали за една од најголемите млади ѕвезди во НБА, Џејсон Тејтум:
Џејсон пораснал во огромна сиромаштија. Неговата мајка немала пари да ги плати сметките, па голем дел од времето биле без струја и вода. Неколку години морал да спие во ист кревет со мајка му, затоа што немале никаков мебел во домот.
Неговата мајка Бренди се соочувала со тешките предизвици како самохрана мајка и имала само 19 години кога го родила. Интересно е што на 19-годишна возраст, Тејтум започнал да игра во НБА лигата.
Уште како дете, Џејсон имал само една желба – да игра во најпрестижната професионална кошаркарска лига во САД. Неговиот одговор „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ никогаш не се променил.
Тој сакал да биде кошаркар. „Одбери нешто пореално“, му одговарале професорите. Но, тој одговорил дека не сака да ги менува своите соништа. Токму неговата мајка го научила дека секој сон е достижен и остварлив.
Џејсон се будел секое утро во 6 часот, ќе ја земел топката и одел на теренот пред да започнат училишните часови. Ова го правел секој ден без исклучок. За него не постоела пауза кога станува збор за кошарката. Не заминувал од теренот додека не постигнел 250 кошеви, а имал само едно правило: Не смее да се задоцни на училиште.
Во петто одделение тој започнал да игра против многу постари деца, па дури и возрасни. Лесно можел да постигне по 25 поени за време на натпреварот, што многумина ги натерало да прашаат: „Чекај, а колку години има всушност ова дете?“
Неговиот татко кој исто така се занимавал професионално со кошарка и станал неговиот личен тренер во текот на кариерата. Иако родителите му биле разведени, Џастин постојано бил во контакт со синот.
„Сакам да бидам како Коби“ – е реченица која постојано се слушала во нивниот дом. Џејсон го наведува Коби како главниот мотив зошто започнал да игра кошарка.
На 10-годишна возраст, тој го проучил секој потег на Коби Брајант, а честопати за време на тренингот кога ќе погодел удар од многу далеку, извикувал: Кобииии!!!
Денес, кога се анализираат најдобрите крила на Бостон Селтикс низ историјата, бројките велат дека Тејтум е на пат да ги престигне сите.
Во моментов, Татум е најмладиот играч во Селтикс кој постигнал повеќе од 50 поени на еден натпревар, надминувајќи ја легендата Лери Брд.
А Џејсон има само 23 години. Неминовно го споредуваат со Мајкл Џордан и сите се убедени дека на Тејтум му претстои неверојатна кариера доколку продолжи со ова темпо.
Од бездомник без струја и вода, до милионер. Тејтум денес „тежи“ 25 милиони долари, а неговото богатство очигледно ќе се зголемува уште повеќе.
(О)Милена | Црнобело