Талентираната Рејчел Стојанов со извонреден перформанс ја претстави Македонија на Европското првенство во ритмичка гимнастика (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 30 ноември 2020
Покрај историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, не смее да заборавиме и на другите спортови – талентираната Рејчел имаше извонреден перформанс на Европското во Киев и го освои второто место во група, а се пласираше на 16-то место.
На Европското првенство по ритмичка гимнастика, кое викендов се одржуваше во Киев, нашата земја ја претстави младата Рејчел Стојанов.
Својот перформанс Рејчел го започна одлично и на почетокот дури и беше прва во групата.
Рејчел заврши на второто место во својата група со следните резултати:
- 22.450 обрач
- 19.250 чуневи
- 19.000 лента
- 19.000 топка
фото: Instagram
?__cft__[0]=AZV4BaXVAYCxPmpQuzhhlaIa4qXmfX2gnMmf8uNiklxxALncIFIe9-8ApkacUNdZfCqUDogNSNB5v0kBcmIJAYF_OWK_InUO_perFKGcgHQWYKrw78i_SxPRJowK-PWVxeppZx5p2dyA-DnH5Rr7yUntUEjS8UKV10Mr9QEhczNGCg&__tn__=%2CO%2CP-R
Повеќе од настапот може да погледнете ТУКА.
Гимнастичарката била одлично подготвена и во официјалните резултати се пласираше на 16-то место, благодарение на силниот настап со кој се гордееме на неа.
Ова беше нејзиното прво учество на Европското првенство и таа е македонска гордост! Само напред Рејчел!
М. М. | Црнобело
фото: Фејсбук страна на EuropeanGymnastics
Би можело да ве интересира:





