Патиките на Чеди Осман со македонското знаме на NBA All Star викендот
- Детали
- сабота, 16 февруари 2019
Доцна синоќа или рано утринава, се одржа првата вечер од NBA All Star викендот за 2019 година.
Поточно, се одржа натпреварот за младите играчи за кои се верува дека допрва ќе станат ѕвезди во NBA, именуван како Rising Stars Challenge во којшто играат едни против други младите играчи од Америка, против младите играчи од останатиот дел од светот.
Во тимот на Светот настапуваше младиот кошаркар Чеди Осман, којшто по потекло е од Македонија, но настапува за Турскиот национален тим, а во моментов е играч на Кливленд Кавалирс.
Она што е интересно за синоќешниот натпревар и Чеди Осман е тоа што тој одбра да настапува со специјално направени патики за него на коишто беа насликани македонското и турското знаме, како симбол на неговото потекло.
Патиките се Nike Kobe AD Exodus модел, но левата и десната патика се специјално изработени секоја поединечно со знамето на земјата во којашто е роден и земјата во којашто живее.
Интересно е, исто така, што на страната е испишана фразата „The First Cedi“ како алегорија на филмот Војна на Ѕвездите: Последниот Џедај (The Last Jedi).
(О)Милена | Црнобело