Топ 10 спортски центри за 2018 година (фото)
- Детали
- недела, 23 декември 2018
Благодарение на Светското првенство во фудбал, Зимските Олимписки игри и Супербоулот, 2018 година беше одлична година за спортската архитектура.
Погледнете го изборот од 10 највпечатливи стадиони и спортски центри коишто веруваме дека ќе остават белег во историјата и ќе влијаат на понатамошниот развој на архитектурата, кога станува збор за спортските објекти:
Стадионот Лужники, Москва – Русија
Отворањето и финалето на Светското првенство во фудбал во 2018 година се одржаа токму на овој стадион. Изграден е уште во 1958 година, но беше реконструиран за да собира 81.000 гледачи.
Мерцедес-Бенз стадионот, Атланта – САД
Стадионот има капацитет од 71.000 гледачи и целосно може да биде покриен со кров којшто се собира во вид на бленда од камера.
Спортската сала Долни Брежани, Долни Брежани – Чешка
Салата служи како спортска сала за основното училиште во Долни Брежани, јужно од Прага, како и спортска сала на градот и истовремено сала за културни настани.
Карактеристична е по тоа што е покриена со алуминиумски панели за да може визуелно да се намали нејзината големина.
Стадионот за Зимските Олимписки Игри, Пјонгчанг – Јужна Кореја
Овој привремен стадион беше домаќин и на отворањето и на затворањето на Зимските Олимписки како и на Параолимписките игри во 2018 година. Петоаголната арена собира 35.000 гледачи, а трибините потоа се отстранети за да остане објект музеј посветен на Зимските Олимписки Игри.
Стритмека Виборг Билд, Виборг – Данска
Ова е всушност адаптација на стара фабрика ветерница во скејтпарк и младински центар. Целиот спортски објект е обвиткан во поликарбонатна обвивка, а во него покрај скејт теренот има и кошаркарски терени, сали за диџеи и рачни изработки.