Шонка ја освои првата титула во Red Bull Air Race!
- Детали
- вторник, 20 ноември 2018
Во битка за титулата која се реши во последната рунда од сезоната, чешкиот пилот Мартин Шонка ја освои првата титула во светското првенство Red Bull Air Race во неговата кариера, а воедно стана и прв пилот кој успеал во тоа од неговата татковина. Во финишот на финалето од оваа сезона, одржано на автодромот „Тексас Мотор Спидвеј“ во Форт Ворт, САД, Мат Хол од Австралија му се придружи на Шонка на подиумот во генералниот пласман како второпласиран, додека американскиот пилот Мајкл Гулијан го освои третото место. Кирби Чемблис од Тексас и даде уште поголема причина за радост на дваесетилјадната домашна публика со искачување на подиумот на трката.
Форт Ворт, (САД) - Втора година по ред, шампионатот Red Bull Air Race се решаваше во последната битка од последната трка, и во двата случаи, пилотот под притисок беше Шонка. Минатата трка, победата му се лизна низ прсти на чешкиот ас. Во Форт Ворт, како предводник пред финалето на сезоната дојде Гулијан, но откако едвај ја помина првата рунда заради проблеми со моторот. Победниците од првата рунда во која 14 пилоти летаат во седум елиминациски дуели, заедно со најбрзиот меѓу поразените, ја сочинуваат листата на учесници за втората рунда, а во неа Гулијан се соочи со Шонка. Двете казни за Американецот му дадоа предност на неговиот чешки ривал, па потоа прашањето за титулата се решаваше во последната рунда меѓу Шонка и Хол, кои летаа во финалната четворка заедно со Чемблис и Бен Марфи од Велика Британија. Хал имаше време од 53,100 секунди, а потоа се случи „дежа ви“ во последниот лет на Шонка. Со тежината на светскиот шампионат на своите рамења, чешкиот херој донесе совршен лет и ја грабна титулата со време од 52,796 секунди.
- Ова е сосема друга приказна отколку минатата сезона, и ова е моето најголемо спортско достигнување. За жал, единствено ми недостигаше Мајки (Гулијан) во финалната четворка, но сепак трката беше прекрасна и мислам дека сите, особено чешките навивачи, уживаа во неа,- се насмевна Шонка, кој успеа да направи неверојатно враќање во 2018, откако доби казни со дисквалификација на првите две трки од сезоната. - За последниот лет успеав да летам со чиста глава. Чув дека Мат (Хол) постигнал одлично време, и знаев дека треба да се потрудам повеќе и да немам казна или грешка, и успеав во тоа. Не можам да бидам посреќен!
Кога беа доделувани наградите за трката на „Тексас Мотор Спидвеј“, извиците за третопласираниот Чемблис, роден Тексашанец, беа исто толку гласни колку и за победникот Шонка и второпласираниот Хол. Потоа, кога беше доделуван трофејот за светски шампион, Шонка беше испрскан со шампањско од Хол и Гулијан, во најголемата прослава оваа сезона.
Резултати (Мастер класа), Форт Ворт, 2018: 1. Мартин Шонка (Чешка), 2. Мат Хол (Австралија) 3. Кирби Чемблис (САД), 4. Бен Марфи (Велика Британија), 5. Јошихиде Муроја (Јапонија), 6. Мика Бражо (Франција), 7. Хуан Веларде (Шпанија), 8. Мајкл Гулијан (САД), 9. Николас Иваноф (Франција), 10. Франсоа Ле Вот (Франција), 11. Пит МекЛеод (Канада), 12. Петр Копфстајн (Чешка), 13. Матијас Долдерер (Германија), 14. Кристијан Болтон (Чиле).
Конечен пласман, светски шампионат Red Bull Air Race 2018: 1. Мартин Шонка (Чешка) 80 поени, 2. Мат Хол (Австралија) 75 поени, 3. Мајкл Гулијан (САД) 73 поени, 4. Мика Бражо (Франција) 41 поен, 5. Јошихиде Муроја (Јапонија) 40 поени, 6. Кирби Чемблис (САД) 34 поени, 7. Бен Марфи (Велика Британија) 29 поени, 8. Пит МекЛеод (Канада).