ФФМ - Детска лига: Вложувањата во младоста ќе ни донесе нови фудбалски успеси во иднина

Изминатиот викенд на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се одигра завршниот турнир од ФФМ - Детска лига за сезоната 2017/2018.

ffm-detska-liga-vlozuvanjata-vo-mladosta-ke-ni-donese-novi-fudbalski-uspesi-vo-idnina-01.jpg

Во вистинска фестивалско - фудбалска атмосфера ги добивме новите прваци во шест возрасни категории, а беа поделени и индивидуални награди за најдобрите стрелци и најдобрите голмани по генерации.

Финалниот турнир од Детската лига го следеше и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој уште еднаш ја повтори заложбата на федерацијата за грижа кон најмладите бидејќи вложувањата во младоста ќе ни донесе фудбалски успеси во иднина.

ffm-detska-liga-vlozuvanjata-vo-mladosta-ke-ni-donese-novi-fudbalski-uspesi-vo-idnina-02.jpg

-Децата се наша иднина. Би сакал да видам голем број од овие млади дечиња како еден ден сериозно се занимаваат со фудбал. Единственото нешто за кое децата размислуваа на финалниот турнир од ФФМ - Детската лига е како да дојдат до топка и како да играат фудбал, а нашата федерација секогаш ќе се труди да вложува во ваков тип на турнири. Наша должност е да им ја дадеме на најмладите основата, а понатаму тие ќе се развиваат. Најважно е децата да бидат задоволни, бидејќи нивната насмевка не може да се купи, а вреди многу. Вложувањето во младоста ќе ни донесе нови фудбалски успеси во иднина. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои помогнаа да ја развиеме ФФМ – Детската лига на ова ниво, се надевам и верувам дека еден ден барем неколкумина од овие деца ќе бидат кандидати за репрезентацијата на Македонија, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Изминатиот викенд (02 -03. јуни 2018.) на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“  на финалниот турнир од ФФМ Детски лиги - сезона 2017/2018 учествуваа 48 екипи кои се натпреваруваа во шест возрасни категории - генерација играчи родени 2005. 2006. 2007. 2008. 2009. и 2010. Во секоја од овие генерации се натпреваруваа по осум екипи. Повеќе од 1000 деца од седум региони во државата беа присутни на завршниот турнир на ФФМ – Детска лига.

ffm-detska-liga-vlozuvanjata-vo-mladosta-ke-ni-donese-novi-fudbalski-uspesi-vo-idnina-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Кога на 17 години стануваш првак на Европа и радоста ја делиш со твојот помал брат (видео) Видеото на кое Ламин Јамал го држи во раце своето бебе братче и му дава да си иг...
„Мора да ме почитувате“: Ѓоковиќ се налути и ѝ одржа лекција на публиката на Вимблдон + кои ѕвезди с... За време на вчерашниот натпревар на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ помисли дека публика...
„Тато ти си најдобар“ - Ѓоковиќ во солзи ги прегрнува Јелена и децата, по освоеното злато „Ги дадов срцето, душата, телото и сѐ што имав за да освојам олимписко злато и н...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg