Зошто лизгачките на мраз носат хулахопки преку лизгалките?
- Детали
- среда, 14 февруари 2018
Лизгачките на мразот изгледаат грациозно како лебеди и пленат со неверојатни движења, но многумина ги збунува овој нивен моден избор.
Во екот на Зимските олимписки игри видовме прекрасни точки на натпреварите по уметничко лизгање.
Но, на страна од сета таа магија што ја изведуваат на сцената, дали сте забележале дека многу од лизгачките на мраз носат хулахопки преку нивните лизгалки? Дали некогаш сте се запрашале зошто го прават тоа?
Алина Загитова
Хулахопките на лизгачките не се обични хулахопки какви што носиме ние, туку повеќе наликуваат на хеланки. Тие се направени од специјален растеглив материјал, кој има голема заштитна моќ.
Токму затоа понекогаш тие не се сосема соодветни на тенот на кожата на лизгачката. Нив не можете само да отидете до продавница и да си купите за неколку мига, често се случува да не можете да си пронајдете соодветни за вас, откриваат лизгачките.
И додека некои од нив се одлучуваат за хулахопки преку лизгалките, други се обидуваат да ги сокријат. Оваа одлука најчесто се сведува на личното гледиште за естетика.
Во едно интервју лизгачката на мраз Кортни Хикс откри:
„Хулахопките ги носам преку лизгалките затоа што ми ги продолжуваат визуелно нозете и целото тело ми го прават пограциозно. Кога правам скокови со нив мислам дека скоковите изгледаат подобри и повисоки. Плус, тие ми ги покриваат гребаниците на лизгалките од некои претходни падови. Исто така, кога ги носам врз лизгалките можам да ги облечам и соблечам побрзо, што ми е олеснителна околност кога брзам.“
Кортни Хикс
Без разлика на логиката позади оваа одлука, фановите на уметничкото лизгање не ја обожаваат многу оваа практика.
Каков став имате вие околу овој моден избор на лизгачките, кој го обожава и Алина Загитова, која на 15 години стана европски првак во лизгање?
С. С. | Црнобело