На 15 години е европски првак во уметничко лизгање: Запознајте ја неповторливата Алина Загитова (фото)
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2018
Елеганција при движењето и сигурност при скоковите, изведбата на Алина заслужуваше злато од првиот до последен миг.
Со беспрекорно лизгање и многу драматични елементи во својата изведба, Русинката Алина Загитова на само 15 години го освои европското злато во уметничко лизгање.
Таа на Европското првенство во уметничко лизгање 2018, кое се одржа пред неколку дена, танцуваше на музиката од балетот „Дон Кихот“.
https://www.youtube.com/watch?v=hmV8ageVpXA
Со освоени 157.97 поени во слободната програма и 238.24 поени вкупно Алина ја зазема првата позиција. Русинката Евгенија Медведева беше второпласирана, а на трето место беше Италијанката Каролина Костнер.
„Да се настапува дома е од една страна потешко, затоа што не сакаш да го разочараш домот и своите фанови. Од друга страна е полесно затоа што добиваш толку многу поддршка“, изјави победничката.
Алина започнала со уметничко лизгање во 2007 година, а уште на јуниорските првенства започнала да се кити со медали. Нејзиниот татко е тренер по хокеј на мраз.
Откако се родила, цела година немала име, сè додека нејзините родители не одлучиле да ѝ го дадат името Алина според познатата руска ритмична гимнастичарка Алина Кабаева.
Како изгледа животот исполнет со напорни тренинзи и натпревари на талентираната Загитова:
С. С. | Црнобело