Зошто базените на Олимпијадата во Рио станаа зелени?
- Детали
- четврток, 11 август 2016
Базенот за скокови на Олимпијадата во Рио целиот беше обоен во зелено, но никој не можеше да даде објаснување зошто се случи тоа.
Не е ни чудно, натпреварувачите не беа задоволни и не сакаа да се натпреваруваат во базенот кој мистериозно ја промени бојата, но откако беа осигурани дека водата е безбедна за пливање, натпреварувањето продолжи понатаму.
Набрзо, бојата започна да се шири и во базените каде се игра ватерполо и каде се одвива натпреварот во синхронизирано пливање.
Одговорните лица тврдат дека причината за оваа боја на базенот лежи во „зголемениот број на алги и ненадејно намалување на алкалноста на водата“.
„Причината за невообичаената боја на базените е тоа што резервоарите за вода изгубија дел од хемикалиите во процесот на прочитување на водата“ - изјавија FINA, Интернационалната пливачка федерација.
Покрај зголемениот број на алги, се смета дека зелената боја на базенот се појави и како резултат на недостигот на ветар и високите температури.
Но, водата, според нив е безбедна за пливање.
Н. Г. | Црнобело