Најдоброто од отворањето на Олимпијадата 2016, низ фотографии
- Детали
- сабота, 06 август 2016
Рио де Жанеиро – преродба и регенерација, тоа беше живописната порака која беше испратена на церемонијата за отворање на Олимпијадата во 2016-та година.
По месеци планирање, Олимписките игри во Рио конечно се отворија.
Олимпискиот оган почна да гори
Поранешниот бразилски број 1 тенисер, Густаво Киртен го донесе олимпискиот факел на стадионот, а честа да го запали олимпискиот оган ја имаше тркачот Вандерелеи Кордеиро де Лима.
Фудбалската легенда Пеле морал да се откаже заради болест.
Во финалето, Олимписките прстени го осветлија небото во прекрасен огномет.
Самба
По серија емотивни пораки, „The Maracana“ експлодираше во вжештени самба танци.
Дури 12 самба училишта биле вклучени во церемонијата за отворањето на Олимписките игри и Бразил ни покажа, уште еднаш, како изгледаат најдобрите карневали во светот.
Рио е подготвен да направи историја
Карлоз Нузман, претседателот на Олимпијадата во Рио, испрати моќна порака:
„Нашиот сон е Олимпискиот град да биде трансформиран од игрите. Овој прекрасен град е и совршен. Ајде да го живееме сонот заедно и да останеме заедно, и покрај околностите кои нè предизвикуваат. Рио е подготвен да влезе во историјата на Олимписките игри.“
Формата на стадионот
Формата на стадионот била инспирирана од креациите на Бурле Маркс, почитуван бразилски архитект.
Тој е најдобро познат тротоарот на крајбрежјето на плажата Копакабана и неговите апстрактни геометриски дизајни.
Отворањето низ бројки
- 35.000 работници се одговорни за ова шоу
- Околу 12.000 волонтери учествувале во организацијата
- Биле вклучени 12 самба училишта
- Биле направени 5.500 костими
- 209 земји ќе се натпреваруваат
- 3 милијарди гледачи ќе имаат можност да ја гледаат Олимпијадата
- 11.000 атлети добија семе за да засадат растение и да остават прекрасна шума зад себе
Отворањето низ фотографии:
Н. Г. | Црнобело