„Висината не значи ништо“ - Прва фотка од Олимпијадата која стана вирална сензација
- Детали
- среда, 03 август 2016
Некои велат љубовта нема граници, а очигледно, истото важи и за Олимпијадата - нема граници кој може да учествува, важно е да бидете страсен и посветен спортист кој е подготвен да даде сè од себе за да биде најдобар.
Токму на тоа нè потсетува и американската гимнастичарка Симон Бајлс, која има само 19 години и е висока 142cm, со една фотографија која ја објави на Твитер.
„Разликата во висината меѓу олимпијците не значи ништо, во зависност од тоа во кој спорт се натпреварувате можете да бидете 203 или 142 сантиметри“ - напишала таа, а на фотката таа е фотографирана заедно со еден од членовите на американскиот одбојкарски тим, Дејви Ли кој изгледа како да е двојно повисок од неа.
Оние кои ја следат оваа атлетичарка беа воодушевени од нејзината објава која за краток момент стана вирална сензација.
size difference in olympians doesn't matter, depending on what sport you do ???? 6'8" & 4'8" pic.twitter.com/xiU9zIBXJH
— Simone Biles (@Simone_Biles) August 2, 2016
Н. Г. | Црнобело