Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


RED BULL AIR RACE 2016 - Од пустинската бура директно во нов трилер под Алпите

 Откако првата трка во Абу Даби донесе шокантни резултати, фаворизираните пилоти од Мастер Класата во светското првенство Red Bull Air Race ќе настојуваат да се вратат на врвот во втората трка. Во понискиот ранг каде што се натпреваруваат пилотите во Купот на предизвикувачите, за прв пат ќе се приклучи женски пилот. За победа во Австрија каде што натпреварувањето се одржува на патеката Ред Бул Ринг, пилотите ќе мора да ги совладаат условите, но и своите нерви.

red-bull-air-race-2016-od-pustinskata-bura-direktno-vo-nov-triler-pod-alpite-01.jpg

ШПИЛБЕРГ, Австрија – Трката на автодромот Ред Бул Ринг веќе трета година по ред е дел од светското првенство, а резултатите никогаш не биле понепредвидливи. Секој од пилотите можеше да се наметне во борба за титулата во отворањето на сезоната во Абу Даби, но кога пустинската авантура заврши, пилотите кои беа сметани за фаворити не беа ни блиску до подиумот. Табелата веќе делува дека е свртена наопаку, а на ред е трката под Апите каде што во игра се уникатните временски услови. Ова е втора трка од осумте планирани сезонава, но уште една од оние кои се очекува да бидат вистински трилер.

 Сепак, бидејќи лета на „домашен терен“, меѓу фаворитите за оваа трка се вбројува Ханс Арх, кој е сметан за локален херој. Тој беше светски првак во 2008 година и потекнува од Штаерска, но нема победа во Австрија иако во 2014 година беше блиску до тој подвиг. На претходната трка во Абу Даби, тој имаше грешка која го спушти од второто на десеттото место. Поради тоа, тој ќе биде мошне мотивиран да ја исполни својата мисија.

 Исто како и Мат Хол. Австралискиот пилот кој влезе во сезоната како главен претендент за светскиот наслов по минатогодишната пресметка со Пол Боном, заврши осми во Абу Даби бидејќи на слалом патеката допре една од воздушните порти и заработи казна. Од друга страна, во 2015 година тој ја освои првата победа во кариерата токму на оваа трка во Австрија.

red-bull-air-race-2016-od-pustinskata-bura-direktno-vo-nov-triler-pod-alpite-03.jpg

 - Оваа патека со големо наследство од светот на трките ќе ги мотивира сите да дадат се од себе. Но, никогаш сме немале трка во Шпилберг на пролет, па временските услови ќе играат голема игра, особено бидејќи доаѓаме од трката во Персискиот Залив: од море на висока планина, од топло време во пустината во студени временски услови под Алпите. По изненадувачкиот почеток на сезоната, на пилотите ќе им биде потребен голем фокус за победа на оваа трка,- вели Џим ДиМатео, директор на трката.

 Во пониската класа каде што пилотите се натпреваруваат во Купот на предизвикувачите, своето деби ќе го има Мелани Астле од Франција, првата жена што ќе се натпреварува во Red Bull Air Race.

red-bull-air-race-2016-od-pustinskata-bura-direktno-vo-nov-triler-pod-alpite-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
10 најсекси спортисти на Олимпијадата во Париз 2024 Ниедна Олимпијада не може да помине без листата „најсекси спортисти“, а конкурен...
Починатиот кошаркар Дражен Петровиќ се „појави“ и прозборе преку холограм - публиката плаче и пее „К... Најемотивниот момент се случи кога во кошаркарската сала почнаа да излегуваат зл...
Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечат...
Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour... „Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никог...
Нејмар доби трето дете - бараше тест за утврдување на татковството за да ја признае ќерката Бразилскиот фудбалер Нејмар на почетокот на јули доби трето дете, но побара тест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg