Вашето дете може да биде придружба на Македонската Фудбалска Репрезентација на мечот со Австралија
- Детали
- понеделник, 23 март 2015
Поддршката од фановите е најважна за спортистите, затоа Фудбалската Репрезентација на Македонија заедно со ФФМ деновиве активираше втора Фејсбук апликација во која сите љубители на фудбалот ќе можат да остават слика од своите деца, исто така фанови што навиваат за Македонија и да бидат избрани како придружба на македонските фудбалери во мечот со Австралија на 30 март на стадионот Филип II!
Сé што треба да направите е на Фејсбук страната на ФФМ да поставите слика од вашето дете како навива за Македонија и да бидете една од 26те најлајкувани фотографии.
Во играта може да учествуваат фотографии од сите машки и женски деца, на возраст од 5 до 8 години, не повисоки од 140см, а најсреќните на 30 март ќе им бидат придружба на фудбалерите од Македонката репрезентација на натпреварот Македонија - Австралија.
„Потребата за поддршка на професионалните фудбалери и на фудбалски фанови е неопходна, без разлика дали се работи за маалски фудбал или меч од национален карактер, затоа ние како Фудбалска Федерација сакаме и едните и другите да знаат дека делиме иста страст кон фудбалот, а со оваа Фејсбук апликација сакавме да им дадеме шанса на најмалите да почувствуваат како е да се биде пред огромна публика на стадион и со тоа да ги поттикнеме да се вљубат во фудбалот и во фудбалскиот терен. А на нашите репрезентативци да им овозможиме внимание, восхит и љубов од оние најсикрените - децата“ - изјави Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Апликацијата е активна, фотографирајте ги вашите деца со македонски дрес, знаме, капа или кој било друг симбол на Македонската Фудбалска репрезентација и поставете ги фотографиите на Фејсбук страницата.