Гласини за неверство, единствен во историјата на НБА со 50.000 поени - Интересни факти за Леброн Џејмс
- Детали
- недела, 16 март 2025
Неговиот прекар е „кралот Џејмс“, а причината е неверојатната професионална кариера. Со сопругата е од средношколските денови, па во јавноста секогаш остава впечаток на посветен семеен човек. Што знаеме за Леброн Џејмс?
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, неодамна постави рекорд во НБА кој, најверојатно никој нема да го сруши во блиска иднина.
Тој ја надмина границата од 50.000 дадени поени во најсилната кошаркарска лига во светот, што за многумина е доказ дека тој е најдобриот на сите времиња, подобар и од Мајкл Џордан.
Леброн, пак, иако има 40 години и е на залезот на кариерата, игра како во најдобрите денови, а фановите и спортските познавачи велат дека тоа се должи на доаѓањето на Лука Дончиќ во екипата и свежината што ја внесе Словенецот во тимот.
„Леброн и Лука се новото динамично дуо, а Џејмс постојано е насмеан на натпреварите, нешто што не го правел долго време“, пишуваат американските медиуми.
Надвор од теренот, Леброн е семеен човек со три деца - Брони, Брајс и Зури.
Со сопругата Савана е во брак скоро 12 години.
Низ годините неколкупати имаше гласини за неверство од негова страна, но никогаш не беа докажани.
Неодамна дури и раперот Дрејк јавно го обвини дека ја изневерува сопругата.
Што знаеме за Леброн Џејмс?
Роден е на 30 декември 1984 година во Акрон, Охајо.
Неговата мајка имала само 16 години кога го родила.
Омилен предмет на училиште му бил ликовно - тој и денес црта.
Во средно, покрај кошарката играл и рагби и бил вистинска ѕвезда и во двата спорта.
Кошаркарската кариера ја почна со Кливленд Кавалирс во 2003 година, кога беше избран на драфтот.
Првиот професионален натпревар му беше против Сакраменто Кингс, во којшто постигна 25 поени.
Досега 4 пати бил избран за најдобар кошаркар во лигата (МVP).
Има освоено и 3 златни медали од Олимпијадите - Во Пекинг (2008), Лондон (2012) и Париз (2024).
Неговиот прекар е „кралот Џејмс“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





