Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите?
- Детали
- недела, 19 ноември 2023
Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за коњи, а Мохамед Салах голем дел од парите што ги заработува ги дава во добротворни цели. На што ги трошат фудбалерите своите милиони?
Најдобрите светски фудбалери имаат милионски договори со своите клубови и со спонзорите, па заработуваат огромни суми секој месец.
Кристијано Роналдо има договор на околу 100 милиони евра за една сезона со Al-Nassr, а Нејмар заработува околу 200 милиони евра во Al Hilal. Меси е исто така милионер, a неговата плата во Inter Miami е околу 50 милиони евра.
Поради милионските договори, луѓето често се прашуваат – на што фудбалерите најмногу ги трошат своите пари?
Фудбалерите сакаат големи и луксузни куќи.
Па, така, Давид де Геа неодамна купи вила во Шпанија.
Нејмар поседува голема куќа во близина на дворецот Версај во Франција, но и една во родниот Бразил.
Кристијано Роналдо поседува неколку луксузни куќи низ Европа.
И Дејвид Бекам живее во луксузни вили – едната е во САД, другата во Англија.
Фудбалерите сакаат и скапи автомобили.
Мануел Нојер неодамна си купи Audi A6 Avant кое чини околу 100.000 евра, а Марио Балотели вози Bentley кое се продава за околу 175.000 евра.
Кристијано Роналдо има импресивна колекција автомобили која чини околу 18 милиони евра, а вклучува Bugatti Centodieci, Lamborghini Aventador, Maserati Grand Cabrio, Rolls-Royce Cullinan, Ferrari F12 TDF и други.
Фудбалерите ги трошат парите и на брендирана облека, но и на луксузни часовници кои чинат богатство.
Па, така, Роналдо го поседува најскапиот Rolex на светот, GMT Master II, од бело злато со дијаманти, кој чини околу 490.000 евра.
И Лионел Меси има голема колекција часовници. Тој поседува Audemars Piguet Royal Oak кој чини околу 90.000 евра, но и Jacob & Co. Epic X Chronograph Messi Edition, чија цена варира меѓу 25 и 50 илјади евра.