Проба да изврши самоубиство, не сака да ја види најмалата ќерка – Помалку познати факти за Овен Вилсон
Во 2011 година, актерот го доби првото дете, синот Роберт, со Џејд Дуел. Парот се раздели истата година кога им се роди детето.
Второто дете, Фин, го доби со фитнес тренерката Керолин Лидквист во 2014-та.
Овен Вилсон го доби третото дете, ќерката Лајла, во 2018 година, со бившата девојка Варуни Вонгсвиратес.
Парот се раздели пред Варуни да се породи и наводно актерот ја нема ни запознато ќерка му.
Прочитајте повеќе: Зошто Овен Вилсон воопшто не сака да ја види 3-годишната ќерка?
Покрај љубовните и семејните проблеми, Овен Вилсон страдаше од депресија - во 2007 година, тој проба да си го одземе животот.
Според изворите, неговиот брат Лук го нашол без свест во домот и веднаш повикал брза помош и благодарение на него, актерот бил спасен.
По несреќниот случај, актерот беше хоспитализиран и добиваше третман за неговата депресија.
Според Us Weekly, актерот имал сериозен проблем со зависност од кокаин и хероин и неколку месеци пред обидот за самоубиство бил во ужасна состојба.
Не е познато дали имал лични проблеми кои ја влошиле депресијата, но според некои извори, една од можните причини е крајот на врската со Кејт Хадсон.
Поради несаканиот публицитетот во врска со обидот за самоубиство и неговата ментална состојба, Овен Вилсон избегнува да дава интервјуа, без разлика дали за неговата професија или неговиот приватен живот.
Сепак, во 2021 година, отворено прозборе за мрачниот период од неговиот живот, но и огромната помош што ја добил од брат му Лук.
По обидот за самоубиство, брат му извесен период живеел со него и секое утро му правел дневен распоред за да му го направи денот поподнослив.
„Секое утро се будев со него и правевме мали распореди за секој ден, за најпрво животот да биде поподнослив и потоа, по многу време, животот да ми стане и добар“, открива актерот.
Во истото интервју, тој сподели дека првпат се соочил со депресија на само 11 години и уште тогаш размислувал за смрт. Сепак, не сподели како се справувал со овие мрачни мисли на толку рана возраст.
Денес актерот тврди дека се чувствува добро, а работи и на нов филм – комедијата Paint.
Спирова С. | Црнобело