Проба да изврши самоубиство, не сака да ја види најмалата ќерка – Помалку познати факти за Овен Вилсон
- Детали
- сабота, 25 март 2023
Во 2007 година, по неколкумесечна битка со зависност од дрога и депресија, Овен Вилсон проба да си го одземе животот. Бил пронајден од брат му кој не само што го спасил, туку и живееле кај него со месеци, сè додека актерот не ја надминал депресијата – (мрачни) детали од животот на Овен Вилсон.
Овен Вилсон е еден од најпознатите актери на денешницата и сигурно сте изгледале барем еден негов филм ако сакате драми и комедии.
Актерот е најпознат по соработките со Вес Андерсон, а има добиено номинации за неколку престижни филмски награди, вклучувајќи Златен глобус и Оскар.
Но, додека неговата кариера постојано се движи во нагорна линија, приватниот живот на актерот е далеку од совршен.
Во продолжение, неколку факти за Овен Вилсон и најтешкиот период од неговиот живот:
Овен Вилсон е роден во 1968 година во Далас, Тексас.
Неговата мајка била фотографка, а неговиот татко работел во телевизија. Исто како Овен, и неговите двајца браќа се актери, од кои само едниот може да се пофали со ист успех како него.
Овен Вилсон се запишал на факултет за уметност во Тексас но никогаш не дипломирал.
Токму во студентските денови, тој го запознал режисерот Вес Андерсон кој е можеби најзаслужен за неговиот успех.
Тие биле цимери, а досега имаат соработувано на неколку филмови.
Овен Вилсон првпат се појавува како актер во првиот филм на Вес Андерсон – Bottle in a Rocket. Во истиот филм се појавува и неговиот брат Лук Вилсон.
Актерот помогнал во пишувањето на сценариото на вториот и третиот филм на Вес Андерсон, а за едниот – The Royal Tenenbaums – двајцата добија номинација за Оскар за најдобро оригинално сценарио.
Овен Вилсон стана светски познат со улогата во филмот Shanghai Noon каде што се појавува „рамо до рамо“ со Џеки Чен.
Оттогаш актерот се има појавено во многу филмови, вклучувајќи некои од најдобрите комедии на 21-ви век.