Зошто Овен Вилсон воопшто не сака да ја види 3-годишната ќерка?
- Детали
- среда, 13 октомври 2021
Кога дознал дека неговата девојка е бремена, си заминал, го сменил телефонскиот број и не сака воопшто да ја види ќерката. Овен Вилсон се прослави со улогите на грижлив татко, но каков родител е во приватниот живот?
Холивудскиот актер Овен Вилсон (52) има 4-годишна ќерка што воопшто не сака да ја види, а со мајка ѝ раскинал во истиот момент кога дознал дека е бремена.
Актерот е познат по улогите во филмовите Marley and me, Wedding crashers, Shangai noon, You, me and Dupree, Bliss, но иако е познат по тоа што често игра во семејни комедии, актерот има проблем со тоа да основа семејство.
Од врската со Џејд Дуел која работела како обезбедување во авиони, во 2011-тата година Овен го добил синот Роберт Форд Вилсон. Но, по раѓањето на детето, актерот и мајката решиле да раскинат, поради што таа и детето се преселиле во Њујорк.
Во 2014-та година го добил вториот син Фин со неговата лична тренерка Каролин Линкдквист која била во брак со друг човек во истиот период.
Четири години подоцна во 2018-та година, Овен ја добил ќерката Лајла со неговата тогашна девојка Варуни Вонгсвиратес, која воопшто не ја видел.
Според дел од пишувањата во медиумите Овен плаќа 25.000 долари месечно алиментација за неговата ќерка Лајла Аранија Вилсон, но ниту побарал старателство ниту пак сака да побара право за посета.
Варуни и Вилсон за првпат биле забележани заедно во 2014-та година и се знае дека биле во врска подолг период. Тие во 2017-та година се појавиле заедно на премиерата на филмот Father Figures, по што работите помеѓу нив почнале да се распаѓаат.
Иако биле во врска речиси пет години, Овен наводно решил да ја прекине врската во истиот миг кога дознал дека Варуни е бремена и тоа бил последен пат тие двајцата да разговараат.
Како што пишуваат дел од медиумите, по ова, Овен го променил телефонскиот број и си заминал.
Биле направени ДНК тестови за да ги провери нејзините тврдења дека тој е таткото, и било докажано дека Лајла е негова ќерка, но тоа не променило ништо кај него.
Освен што плаќа месечна алиментација за девојчето, во октомври 2018-та кога се родила неговата ќерка, тој ги платил и сите болнички трошоци на мајка ѝ за породувањето и забележал во документите дека не сака да има никакви права за посета.
„Таа е прекрасна, не си свесен што пропушташ. Таа личи многу на тебе. На Лајла ѝ треба татко. Иронично е тоа што тој постојано игра татко во сите филмови, а никогаш не ја запознал сопствената ќерка “ – порача Варуни во интервју од минатата година.
Од актерот досега немало конкретен одговор зошто избегнува да ја види 4-годишната Лејла, но се знае дека со мајките на неговите други две деца е во пријателски односи.
Прочитајте и Том Круз не ја видел својата ќерка од дете – како изгледа Сури (15) денес?
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Овен Вилсон со двата син + од малата Лајла со која не се гледа никогаш:
Б. С. Б. | Црнобело