8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“
Киану Ривс
„Јас сум премногу стар... Доцна е. Готово е. Имам 52 години. Нема да имам деца“, изјави тој за Esquire.
Кајли Миног
„Секако дека се прашувам како би било да имав деца, но твојата судбина е твоја судбина и не можам да замислам, ако по некое чудо забременам, што би се случило.
Во овој момент од мојот живот се прашувам дали воопшто би можела да се снајдам со тоа. Ќе излажам ако кажам дека не сум барем малку тажна, но не дозволувам тоа да ме обземе“, изјави Кајли за The Times.
Мариса Томеи
„Не сум толку голем љубител на бракот како институција и не знам зошто жените треба да имаат деца за да се гледаат како целосни човечки суштества“, изјави таа за магазинот Manhattan.
Рене Зелвегер
„Мајчинството никогаш не било моја амбиција. Никогаш немав очекувања дека кога ќе имам 19 години ќе го правам ова, а додека да наполнам 25 ќе го направам тоа.
Тоа вклучуваше брак и деца, кои никогаш не ми биле приоритет“, изјави Рене за The Times.
А. Ј. | Црнобело